Новата Година се приближува, време кога милиони луѓе прославуваат со храна, нови цели, па дури и бакнеж точно во 00:00. Но колку всушност знаете за овој празник?

 

Еве 10 забавни факти за Нова Година:

 1. Првата новогодишна прослава датира од пред 4.000 години. Јулиј Цезар, Римскиот император, бил првиот што го прогласил 1 јануари за национален празник во 46 година пред нашата ера. Тој го именувал месецот по Јанус, римскиот бог на вратите и портите. Јанус имал две лица, едното гледало напред, а другото назад. Цезар сметал дека тоа име баш му одговара на тој месец.

 2. Новата година се смета за период кога луѓето носат одлуки. Тоа значи дека луѓето сакаат да прекинат со некои грди навики, и да воведат, други кои ќе им го подобрат начинот на живеење. Најчести од нив се : да изгубат тежина, да се организираат, да трошат помалку и да заштедат повеќе, да го подобрат своето здравје преку спорт, здрава храна и други активности,  да се откажат од пушењето и др.

 3. Новата година не се славела отсекогаш на први јануари. Римјаните, на пример,  славеле Нова Година на први март. Некои други култури славеле Нова година кога биле зимската или летната рамноденица.

 4. Шпанска традиција е да се јадат 12 топчиња грозје на полноќ на 31 декември. Додека јадат, Шпанците си замислуваат  желби. Се верува дека оваа традиција ќе им донесе среќа на оние кои ја практикуваат. Оваа традиција започнала во 1895 година.

 5. Холанѓаните имаат огномети и палат новогодишни елки на улиците за време на новогодишната ноќ. Причината зошто тие го прават ова е верувањето дека со палењето  на новогодишните елки се прочистува старото, а со огнометот се посакува добредојде на новото.

 6. Новогодишните подароци, исто така, датираат од античко време кога Персијците подарувале јајца кои ја симболизираат плодноста.

 7. Кога би зборувале за грчките традиции една од нив е ставање на кромид ”kremmida” на нивните врати.Тие го обесуваат кромидот на нивните врати токму на новогодишната ноќ, а нивните деца ги замислуваат своите желби. Исто така друга традиција која  ја негуваат Грците е фрлање калинки пред праговите на нивните куќи. Се верува дека оваа традиција ќе донесе среќа и просперитет во нивните домови.

8. Во пристаништето на австралискиот град Сиднеј, крајбрежјето кое се протега на 40 километри е преполно со повеќе од еден милион луѓе само за гледање на огнометот.

 9. Луѓето од Данска практикуваат фрлање садови на прагот на  куќите. Се верува дека тоа ќе им донесе многу нови пријатели на сите кои живеат во тој дом.

 10. Се смета дека најмногу украдени возила има за време на новогодишните празници. Тоа не значи дека и вашиот стар автомобил е безбеден. За да се намали кражбата на автомобили, осигурајте се дека вашиот автомобил е во населено место и секогаш  земајте ги вашите клучеви.

 

 

 

 

Leave a comment