Банкси е квази – анонимен англиски уметник на графити. Роден е 1974 година и израснал во Бристол, Англија. Учел како да го работи касапскиот занает, за да во еден момент сосема случајно се вклучи во исцртување графити низ цел Бристол, во доцните ’80. Неговите уметнички дела често се сатиричен приказ на теми какви што се политика, култура и етика.

 

Така Банкси од тинејџер – бунтовник прераснува во познат уметник чии дела вредат милиони. Неговиот стил и порака кои ги има и ги испраќа преку графитите се сестрано прифатени од големата маса на луѓе, па дури и од оние кои тој ги исмејува преку цртежите.

Денес тој патува насекаде низ светот и остава свој белег низ улиците.

 

Ова се некои од неговите најпознати дела со кои тој се бори за создавање на социјални реформи и против границите на слободата на изразување.

Leave a comment