Сонот е единственото време кога вашето тело и мозок си го земаат целосниот потребен одмор и се подготвуваат за наредниот ден. Затоа секое претерано нарушување на вашиот сон е исто така нарушување и на вашето здравје, а ви дава и чувство на премореност.. Еве неколку мали трикови кои ќе ви помогнат да заспиете брззо и лесно и да се чувствувате одморени ...

 

- Внимавајте со конзумацијата на пијалоци или јадења кои што содржат кофеин. Енергијата што ви ја дава кофеинот ве држи будни и ви го нарушува сонот. Кафето не е единствениот пијалок што содржи кофеин. Кофеин има и во скоро сите газирани пијалоци.

- Пред легнување пробајте да се ослободите од стресот.  Медитацијата или тивката музика ќе ви помогнат да го направите тоа.

- Вежбањето често ви дава енергија и ве држи будни. Но, ако вежбате 2 часа пред спиење тоа ќе ви помогне да заспиете побрзо и да спиете цврсто цела ноќ.

- Најдобро е во вашата спална соба да биде темно додека спиете, за да не ви се нарушува сонот.

 - Регулирајте ја температурата во вашата спална соба. Премногу висока или премногу ниска температура го нарушува спиењето.

- Вашиот душек и перница треба да ви бидат удобни за да не ви се нарушува сонот поради лошата поставеност на вашето тело. 

 

Leave a comment