Убавата и сјајна кожа е сон на секоја жена и девојка. Наместо скапите кремови и третмани за ефективно одржување на кожата ние ви нудиме три домашни рецепти со мед за вашата кожа да изгледа свежо во текот на целиот ден...

 

 

Рецепт 1:

Земете еден лимон и неговиот сок измешајте го со мед и овесни снегулки. Добиената смеса добро измешајте ја и нанесете ја на лицето. Оставете ја да стои 10 минути и потоа измијте го лицето со млака вода. 

Рецепт 2:

Мед, банана и маслиново масло за сувата кожа. Во еден сад, измешајте три лажици мед, три супени лажици маслиново масло и помешајте го сето тоа со една банана. Оваа смеса ставете ја на лицето и држете ја околу 30 минути, па измијте го лицето со млака вода.

Рецепт 3

Натопете едно памукче во млака вода, исцедете го и ставете го на лицето за да ви се отворат порите. Ставете само мед да стои околу 20 минути на лицето и потоа нежно отстранете го со млака вода, а потоа измијте го лицето со ладна вода за да ви се затворат порите. Овој рецепт помага против брчки и стареење на кожата.

 

 

Leave a comment