Летото е на прагот и сите сакаме да изгледаме убаво и привлечно во костим за капење.Но, целулитот е број еден проблем кој ги спречува сите жени без разлика на тежината, обликот на телото и возраста да се чувствуваат убаво во своја кожа.

 

Постојат милион начини за отстранување на целулитот. Најчесто за најефективни се сметаат скапите третмани и препарати, вежбањето или здравата исхрана. Но, понекогаш за отстранување на овој проблем ние бараме побрз и поедноставен начин кој ќе не чини помалку.

 Еве еден доста ефективен рецепт кој можете да го направите во домашни услови и нема да чини многу:

 -Една шолја турско кафе

-Две лажици кафеав шеќер

-Две или три лажици маслиново масло

 

Подготовка: 

Сите состојки се мешаат и се ставаат во стаклен сад. По туширањето добро истријте ги критичните места со пастата

и исплакнете.За уште подобри резултати пастата користете ја секој ден.

 

 

Leave a comment