Огромен број луѓе имаат проблеми со анксиозноста, а во ова модерно време со динамично темпо на живот, тоа е веќе сосема нормално.

 

Сепак, не треба да ги занемарувате симптомите и не смеете да дозволите да „потонете“ во себе.Не смеете да се запоставите и да дозволите стресот да ве надвладее, бидејќи ако не преземете навреме нешто, може да дојде до сериозни последици.

Па, покрај многуте работи, и храната има моќ да ја намали анксиозноста и во овие периоди треба почесто да внесувате одредени витамини и минерали.Секако, не може да очекувате дека храната ќе ја излечи анксиозноста и секогаш треба да се консултирате и со стручно лице, но добро е да направите сè што е во ваша моќ.

Храна која треба да ја консумирате за намалување на анксиозност:

-        храна богата со магнезиум: лисест зеленчук, кикирики, цело зрно пченица

-        храна богата со цинк: остриги и други морски плодови, зрнеста храна

-        храна богата со калциум: млечни производи како млеко и сирење, зелени лисести зеленчуци

-        храна богата со омега-3 масни киселини: лосос, туна

-        пробиотик: кисели краставички, кефир

-        храна богата со витамин Б12: месо, млечни производи, риба, јајца

-        храна богата со витамин Ц: брокула, киви, цитрусно овошје

-        храна богата со антиоксиданси: темно чоколадо, боровинки.

 

Leave a comment