Здравата исхрана не значи само да јадите здрава храна туку и да ја избегнувате онаа која не е. Секако, листата и за двете е прилично долго и тешко би било да ја сместиме во еден артикл, но постојат намирници кои се исклулчително лоши за нашето здравје и секако треба да се избегнуваат.

На листата за оние кои треба да се избегнуваат има голем број на намирници кои секојдневно ги конзумираме, а некои од нив можат и да Ве изненадат со тоа што се наоѓаат на оваа листа.

Поради тоа Ви набројуваме десет намирници кои треба да ги отстраните од Вашето дневно мени:

Бел леб: од белото брашно се отстрануваат сите хранливи состојки, а се што останува е скробот. Тој го зголемува нивото на шеќер во крвта и со тоа и ризикот од дијабетис.

Пржена храна: длабоко пржената храна во масло е исклучително вкусна, но исто толку штетна. Го зголемува холестеролот и ги запушува артериите. Исто така, храната која е богата со јагленохидрати, како компирот, кога се пржи на високи температури произведува акриламид – состојка која го зголемува ризикот од рак.

Газирани пијалоци: вишокот на шеќери од газираните пијалоци ги поттикнува мастите што доведува до прекумерна телесна тежина, дијабетис и висок крвен притисок. Внесувањето на една до две лименки на газиран пијалок во текот на денот го зголемува ризикот од дијабетис кај младите а и ризикот од гихти кај мажите и жените.

Инстант нудли: целото пакетче на инстант нудлите е направено од вештачки вкусови, полно е со конзерванси, зачини и бои. Постои минимално ниво на калории, натриум и масти кои нам ни се потребни. Кога ги јадеме, ги внесуваме сите штетни конзерванси и додатоци.

Пуканки во микробранова: спрема многу истражувања, пакетчињата пуканки за во микробранова се обложени со одредени хемикалии со кои би се спречило истекувањето на маснотиите. Кога пакетчето ќе се загрее во микробрановата, хемикалиите се внесуваат во пуканките. Овие хемикалии се една од причините за рак на дојка, рак на бубрезите и рак на тестисите, и го зголемуваат нивото на холестерол, а со тоа и ризикот од хронична срцева болест.

Конзервирана храна: бисфенол А (ВРА) е спојка пронајдена во конзервите која што навлегува и во самата храна. Се вмешува во хормонска регулација на гените и телото и се поврзува со проблеми како што се раниот пубертет, прекумерната тежина и ракот. Истражувањето спроведено во 2013 година објавено во листата “Human Reproduction” напоменува дека БПА, која била внесена во храната, довела до мутација на јајце клетките кај жените, што довело до потешкотии при зачнување. БПА може да го поттикни и растот на ракот на дојката.

Маргарин: полн е со транс-масни киселини кои можат да предизвикаат запушување на артериите, ограничувајќи го протокот на крв во срцето што ќе доведе до срцев удар.

Преработени месни производи: месото кое се преработува со чадење, сол, сушење или додавање на штетни конзерванси како што се нитрати, е преработено месо. Ова вклучува сланина, шунка, колбаси, салама... Истражувањата покажаа дека јадењето на преработено месо придонесува за срцеви заболувања, рак и прерана смрт. Преработеното месо, исто така, содржи и многу сол што го зголемува крвниот притисок. Нитратите исто така ги запушуваат артериите и го зголемуваат нивото на шеќер во крвта.

Протеинска соја: според извештај од 2010 година доставен до Агенцијата за заштита на животната средина на САД и Европската агенција за безбедност на храната, изложеноста на глифосатните спрејови во Аргентина - кои се користат во производството на соја - резултирале со значително зголемување на компликациите во бременоста, невронските деформитети, абортусите и ракот. Преработените масла и протеини од сојата се наоѓаат во безбројни прехранбени производи и често се консумираат. Така, хербицидот се конзумира заедно со нив.

Вештачки засладувачи: многумина, кога се обидуваат да избегнат шеќер, користат вештачки засладувачи, но неодамнешните студии укажуваат дека овој тип засладувач го зголемува ризикот од дијабетес. Една студија објавена во магазинот „Nature“ вика дека телото не го вари вештачкиот шеќер, кој потоа оди во цревата и ги апсорбира интестиналните бактерии, менувајќи го нивното "однесување". Според резултатите, ова предизвикува брзо зголемување на телесната тежина и го зголемува ризикот од дијабетес.

 

Извор на веста: ljepotaizdravlje.hr

 

Leave a comment