Преку паметен избор на храната што ја консумирате, можете да го подобрите функционирањето на мозокот.

Читањето, памтењето на градови, правењето на белешки и подготвувањето на испити го исцрпуваат нашиот мозокотРетки се оние кои прават правилен избор на храна и ја  конзумираат во текот на денот. Постојат намирници кои успешно го ревалитизираат мозокот и обезбедуваат подобра концентрација и полесно памтење, кои се евтини и што е најбитно достапни. Така да немате никакво оправдување за лошиот резултат на испитот.

Млеко и јогурт

Овие две намирници содржат  Д витамин и ја забрзуваат работата на мозокот, затоа обебедуваат поефикасно учење. Според направените истражувања немасните млечните производи можат да помогнат за подобра концентрација затоа што се полни со протеини и Б витамини. Се верува дека магнезиумот е клучната состојка во млечните производи кој ги штити мозочните станици од уништување, а истовремено го чува срцето и ги намалува ризиците за проблеми со крвниот притисок. Нема подобар начин за започнување на успешен работен ден од една чаша полумасно млеко.

Житарици

Обична кашичка од житарки може да ви даде изнвонреден извор на енергија за функционирање на мозокот. Се препорачува нивна конзумација на дневна база, и тоа во 3-6 порции. Уште една препорака врзана за житариците е при изборот секогаш да им давате предност на интегралните житарици кои се побогат извор на витамини, минерали и диетални влакна во однос на преработените житарици.

Боровница

За нив се вика се дека по својот состав се совршена намирница затоа што се полни со антиоксиданти поради големата количина на каледантоцијанин – состојка која има антиоксидантно дејство, го подобрува здравјето и има силни терапевтски ефекти. Резулатите од најновите студии покажуваат дека боровницата е одличен пријател на помнењето кај возрасните. Дејството на сокот на боровницата е толку силно, што го прави основен елемент во исхрана кај луѓето со психолошки пореметувања.

Лосос

Сите видови на лосос се најдобар извор на 3 –  омега масни кислини, здрави масти за кои истражувањата покажуваат дека помагаат за развој на мозокот, го заштитува од влошување и ја подобрува неговата функција. Се препорачува уживање со лосос подготвен на индијански начин со кари кој содржи куркума исто така добар за мозокот.

Ореви

Од сите јаткасти плодови оревите даваат преголема енергија за функционирање затоа што содржат белковини, омега- 3 и омега - 6 масни киселини. Истражувањата покажале дека студентите кои конзумираат ореви донесуваат побрзи заклучоци од колку оние што не земаат.

Семе од канабис

Конопот е ситен зрнест плод од растението Канабис Сатива, обвиткан со тврда лушпа слично како и сончогледот. Според нутрициониситите семето од канабис  е супер храна кој обезбедува  Омега 6 и Омега 3 масни киселини, кои се важни за развивање на мозокот и нервите, како и за кардиоваскуларното здравје и општото зајакнување на имунитетот, и воедно претставува најбогатиот познат природен извор на полинезаситени масни киселини.

Чоколадо

Кратко речено чоколадото е храна за мозокот. За подобро учење и памтење се препорачува конзумација на темно чоколадо со поголема доза на какао. Но не повеќе од неколку коцки дневно околу 14 грама. Во истражувањата волонтерите после испиеното топло чоколадо или какао,покажувале знаци на многу полесно справување со математички операции кои можеле дури и да ги решаваат напамет.

Грав

Оваа намирница е одговорна за квалитетно иефикасно функционирање на мозокот затоа што е полно со протеини, магнезиум и Б комплекс витамини. Гравот е одличен извор на протеини, а за разлика од другите извори на протеини, гравот има многу малку масти, не содржи заситени масни киселини, ниту пак холестерол. Гравот дава енергија во текот на целиот ден и се  препорачува дневна доза за конзумирање околу половина или една рака грав.

Кафе

Овој напиток со кофеин ја дава потребната количина на „стартна енергија“ со која би го започнале денот. Кофеинот од кафето позитивно влијае на способноста на памтење и на другите процеси на мислење. Истражувањата покажуваат дека кафето дава подобра концентрација, но само во мали дози.

 

 

 

Leave a comment