Што  може да направите денес за да си помогнете во иднина?

 

Потребно е само да сфатите дека некои работи се корисни и можат да нѝ помогнат во иднина. Треба да ги развиеме овие навики за да имаме повеќе придобивки во иднина:

1.    Изберете некоја физичка активност која ќе ја сакате и во иднина

Денес сите сме зафатени со многу обврски: образованието, работата нѝ одземаат голем дел од времето и на тој начин го запоставуваме своето тело. Време е тоа да се смени, внесете го спортскиот дух во вашето тело. Изберете некој спорт, на пример зумба, пилатес или одете в теретана. Изберете нешто во кое ќе уживате.

2.    Напишете три клучни  работи што ќе ги правите во текот на денот

Можеби ова ви звучи чудно, но тоа е всушност слика за вашиот ден. Истражувањата на Харвард покажале дека само 15 минути пишување и размислување за текот на денот, резултира со продуктивност на работа.

3.    Зборувајте со барем еден странец дневно

Секој странец е нова прилика. Прилика да се стекнат нови пријатели, да се роди нова идеја, да се намали стравот од странец, отскочна даска за некоја работа итн.

4.    Научете да слушате добро

Луѓето сакаат да зборуваат за себе, па вие вежбајте слушање додека тие го прават тоа.

5.    Ценете го времето

Животот се состои од денови, денот од часови, часот од минути. Секоја минута е битна, затоа што секоја минута е дел од вашиот живот. Немојте залудно да го потрошите.

6.    Пронајдете ја среќата остварувајќи го вашиот сон

Избегнувајте одложување и почнете да работите на остварување на својот сон. Животот ќе ви биде неспоредливо поубав кога ќе го постигнете она што сте го сонувале. Заборавете на изреката: „Ако ги оствариш сите сонови, нема да имаш за што да сонуваш“. Луѓето секогаш продолжуваат да сонуваат нови сонови.

7.    Изградете цврсти пријателства и бидете добри спрема луѓето

Со кого си, таков си. Опкружете се со добри и позитивни луѓе и изградете јаки искрени пријателства со нив.

8.    Создавајте нови искуства

Што повеќе искуство имате, имате се' покреативни идеи и полесно се поврзувате со луѓето.

9.    Штедете пари

Од секоја плата оставајте малку пари настрана и правете го тоа секој месец автоматски и ќе имате супер резултат.

10.  Излезете надвор

Лесно е да останите дома цело време. Една кратка прошетка во блискиот парк може да ви помогне во борбата со депресијата и намалување на стресот.      

 

 

 

 

 

Leave a comment