Обично сувата кожа е безопасна, а проблемот настанува тогаш кога ќе се сетите дека треба повторно да започнете со користење на хидратантни креми. Но, што кога Вашата кожа е сува и Ве чеша без разлика колку често нанесувате креми?

 

Доколку проблемот Ви изгледа како нерешлив или ако настанат други симптоми кои не можат да се објаснат, време е да се обратите кај доктор.

Како причина за ваквата појава можат да бидат следните причини:

Дијабетис: Воопшто не е чудно ова заболување да има влијание на кожата. Кога нивото на шеќерот во крвта е високо, Вашето тело побрзо губи течност, што деведува до побрзо дехидрирање на кожата. Дијабетисот може да предизвикува проблеми и при потењето, односно со тоа се смалува количината на влажност во кожата. Доколку состојбата е навистина лоша, Вашата сува кожа може да стане осетлива на бектерии кои се хранат со глукоза, па со тоа станувате склони на потенцијално опасни инфекции. Секако, самата сува кожа ретко кога е знак дека имате дијабетис. Доколку покрај сувата кожа чувствувате константен жед, често мокрите, и чувствувате поголем глад отколку обично, тоа се некои од главните знаци на дијабетисот. Заморот и заматениот вид исто така се симптоми.

Недоволно активна штитна жлезда: Штитната жлезда произведува хормони кои им помагаат на ќелиите на организмот да функционираат заедно. Кога нивото на тие хормони станува прениско (хипотиреоза) и се друго успорува, ќе се чувствувате како да Ви е поладно, побрзо се заморувате, сте депресивни, и заборавате. Хормоните на штитната жлезда имаат рецептори на кожата кои се одговорни за адекватно обновување на ќелиите на кожата, па баш поради таа причина кожата станува посува и груба.

Заболување на бубрегот: Повеќе од седумдесет милиони возрасни имаат заболување на бубрезите, а поголемиот дел од нив тоа не го знаат. Сето ова поради тоа што симптомите како замор, проблеми со концентрацијата или спиењето и зголемено мокрење најчесто се препишуваат на други заболувања. Сувата кожа што настанува кога бубрезите повеќе не можат да одржат рамнотежа на минералите и хранливите материи во крвта е уште еден симптом кој често се занемарува.

Рак на кожата: Доколку имате груб израсток кој може да почне и да крвари кога ќе се почешате, тука може да станува збор за рак на плочестите ќелии на кожата. Втор по застапеност рак на на плочестите ќелии на кожата може да изгледа како брадавица или отворена рана. Без разлика на тоа како изгледа, едно е сигурно: ракот на плочестите ќелии на кожата е напорно заболување, а раната може да зацели и повторно да се појави.

 

 

Leave a comment