Жените кои носат очила со диоптрија, во последните неколку сезони конечно можат да воздивнат, а поуланроста на geek женските, нема за брзо да помине.

Како посакуван моден додаток, очилата можеа да се видат на ревиите на модните куќи Dsquared2 или Gucci, а и познатите Холивудски ѕвезди, сепочесто им придаваат значење, иако треба да се придржуваат кон одредени правила при шминкањето.

Заборавете на темните сенки. Smokey eyes и не се баш најдобра опција доколку носите очила. Очите би Ви изледале претемно. Изберете посветли нијанси, а сепак доколку се одлучите за нешто подраматичен изглед, нанесете само малку потемна сенка за очи на капаците.

Моливот за очи и рамките на очилата не смеат да бидат во иста боја. Нанесете молив за очи кој е сличен на рамките, но не идентичен. Со црни рамки на очила комбинирајте сиво, костенливо, или темносино моливче за очи, додека со костенливи бронзено.

Не заборавајте да ги извиткате трепките. Доколку сакате да го отворите погледот, немојте да заборавите да ги извиткате трепките, а после тоа да нанесета маскара.

Не нанесувајте маскара на долните трепки. Повеќето мејк-ап артисти ќе речат НЕ за маскара на долните трепки. Таквиот изглед додава на годините, а доколку носите очила сето тоа може да изгледа уште полошо. Темната боја во комбинација со рамките прават како да имате сенки под очите, па со тоа ќе изгледате поуморно.

И кожата на лицето заслужува еднакво внимание. Без разлика на тоа што сте ги нагласиле очите, и остатокот од лицето треба да изгледа беспрекорно. Пред на нанесете пудра, нахранете го лицето, а неправилностите отстранете ги со коректор.

Погрешна нијанса на коректор. Да се одбери нијанса на коректор кој ќе Ви одговара во секој случај е тешко. Во случај доколку носите очила, исклучиво избирајте жолтеникави нијанси. Тие најдобро ги прекриваат темните подочници и евентуалното црвенило.

Подебели линии одговараат со подебели рамки. Во случај кога имате подебели рамки, линијата која сте ја нанеле со моливчето за очи треба да е подебела, и обратно.

Нагласете ги Вашите веѓи. Понекогаш толку многу се концентираме на тоа што се гледа под нашите очила па забораваме на веѓите. Уредно средете ги, а можете и да ги нагласите со гел за веѓи, поради тоа што тие сепак се рамки за Вашите рамки.

 

 

Leave a comment