Секоја жена има своја природна убавина и шарм, поради коишто може да изгледа убаво и без шминка и останати методи на разубавување.

 

За да изгледате најубаво што можете без никакви помагала, следете ги следните 6 совети:

1.       Изглед на лицето

За Вашата кожа да биде  здрава, мијте ја со камилица. На ова доста ќе помогне и само една голтка чај од оваа билка на која би доделе и мед и истата би ја конзумирале пред доручек.

 

2.       Коса

Убавата коса е половина убавина! А притоа не мора да се фарбате или да го посетувате вашиот фризер секој ден. Природната боја на коса не може никому лошо да му стои, доволно е само Вашата коса да биде чиста и здрава, а оштетените краеви да бидат скратени.

 

3.       Нега на рацете

Нема полошо од испукана кожа на рацете! Изберете хранлива крема и негувајте ги Вашите раце секоја вечер пред спиење. Нанесете и некој неутрален лак за нокти, па  тоа ќе биде полн погодок.

 

4.       Кожа без брчки

Не мора да имате пудра на Вашето лице за да изгледате убаво, но она што е вишок, тоа се сигурно лошите, црни, изразиви точки – митесери. Потрудете се да ги отстранете со помош на некој добар препарати или пак вештите раце на козметичарите. Кожата ќе ви блесне!

 

5.       Нега на вашите усни

Испукани усни означуваат огромно НЕ за Вашиот изглед. Ладното време претставува непријател за убави и негувани усни, па затоа навремено набавете и почнете да ги користите хранилив балсам или лабело.

 

6.       Бели заби

 Ја нема таа шминка од која ќе Ви заблеска лицето како што се бели и здрави заби.

Leave a comment