Природен лек кој отстранува се што му смета на здравиот организам, и не постоjат несакани ефекти околу истиот.

 

Прополисот е природен производ кој традиционално се користи преку 2000 години.

Легендите околу ефективноста на оваа супстанца која ја собираат пчелите датираат од античко време, а за употребата на прополисот пишувал дури и Аристотел. Тоа е совршена намирница која го лечи и храни човечкото тело.

Прополисот често се користи како превентива за спречување на бројни здравствени проблеми поради тоа што делува одлично на нашиот имунитет, а исто така е одлично решение за решавање на некои од честите здравствени проблеми.

 

Проблеми со грлото

Топлите чаеви повеќе не ви помагаат и не знаете како да го решите проблемот со воспалено грло? Решението ќе го најдете во прополисот.

Денес прополисот е достапен на пазарот како спреј кој е лесен за употреба и благодарение на млазницата за распрскување може да се нанесе директно на болниот дел од грлото. Пред употреба, не заборавајте да го прочитате упатството за правилно дозирање на прополисот. Откако ќе го нанесете на воспалено грло, не е пожелно да се јаде или пие 30 минути, за спрејот да може да делува. Исто така, доколку сувото грло Ви предизвикува кашлица, прополисот ќе го реши и овој проблем.

 

Проблеми со системот за дигестија

Капките од прополис ќе ја запрат дијареата, а доколку имате проблеми со запек – ќе го решат и овој проблем. Прополисот одлично делува на варењето на храната, а благодарение на ниговите антибактериски својства, тој е идеален борец против разни бактерии кои го напаѓаат нашиот дигестивен систем. Ги ублажува и стомачните болки предизвикани од храна или други проблеми како што се чир  и киселини во желудникот. Прополисот ја обновува слузницата на желудникот и поради тоа би требало да се користи, дури и доколку немате посериозни здравствени проблеми со овој орган.

 

Посекотини и повреди на кожата

Сам по себе прополисот е антисептик, а сите раствори кои нас ни се достапни се обично содржат алкохол во себе. Ова е причина поради која прополисот совршено ги дезинфицира повредите, а неговата леплива состојба ја затвара раната, па му оневозможува на бактериите да дојдат во допир со раната и на тој начин го забрзува процесот на заздравување.

 

Хемороиди

Многу луѓе секојдневно се мачат со овој незгоден и болен проблем. Различни растителни масти помагаат во лечењето на хемороиди, но понекогаш и хемороидите знаат да бидат тврдоглави па повторно да се појават, особено доколку не водиме сметка околу исхраната или степенот на физичка активност.

 

Маст која е на база на прополис би го намалила воспалението, крварењето и чувството на пецкање, а истовремено ќе помогне во зараснувањето на создадените ранички во тој осетлив дел.

Leave a comment