Растителните масла не само што го подобруваат изгледот и промовираат раст на косата, туку и го спречуваат опаѓањето.

 

Луѓето кои имаат проблеми со губење на косата, можат на неколку едноставни начини да го подобрат растот на косата и да го спречат опаѓањето. Во ова, најдобро  можат да помогнат растителните масла кои ги има во природните шампони.

Најдобри растителни масла против опаѓање и за зајакнување на косата се маслата од: кокос, рузмарин, маслиново масло, бадемово масло и масло од лаванда.

 

Кокосово масло

Кокосовото масло е најдоброто природно масло против губење на косата, бидејќи продира длабоко во косата и ја штити од сушење. По употребата на ова масло, косата ќе биде мека и сјајна, хидрирана, и ќе се поттикни нејзиниот раст.

 

Масло од рузмарин

Одличен третман против губење на косата е маслото од рузмарин кое ја стимулира клеточната поделба, па оттука и растот на косата и подобра циркулација. Ова масло е исто така добро за одложување на појавата на седи влакна.

 

Маслиново масло

Маслиновото масло е многу ефикасно, бидејќи има способност да навлезе во косата, а истотосодржи и масни киселини и хранливи својства кои го стимулираат растот на косата. Маслиновото масло треба да се загрее во дланките, па да се нанесена кожата на главата и косата. По половина час, косата треба да се измие со благ шампон.

 

Бадемово масло

Бадемовото масло изобилува со витамини Е и Д, магнезиум и калциум, што го прави истото многу ефикасно.Исто така, богато е со омега 3, омега 6 и омега 9 масните киселини.

Нанесувањето се прави на начин на којшто откако ќе се нанесе на темето и на целата коса, косата ќе се зафати, па по неколку часа истото се мие.

 

Масло од лаванда

Маслото од лаванда е одлично против опаѓање на косата, а исто така помага во третманот на автоимуни болести кои предизвикуваат фоликуларен губиток на косата.

Ова масло против губење на косата има регенеративни својства и помага да се запре губењето на косата.

 

Се користи помешано со кокосово масло. Мешавината се нанесува нежно на кожата на главата.

1 comment

  • jordan 11 retro jordan 11 retro 23 Oct 2017

    I am typically to blogging and i actually respect your content. The article has actually peaks my interest. I'm going to bookmark your web site and maintain checking for brand spanking new information.

    Reply

Leave a comment