Игли

 Истражувачи од Институтот за технологија во Масачусетс најавиле два нови проекти кои ќе помогнат во искоренување на иглите од употреба. Еден  вид на замена  се џет-инјекции, технологија која може да истрела супстанца побрзо од брзината на звукот преку микроскопски отвор на кожата а вториот вид е капсула со игла која може да се проголта. Откако малата игла ќе ја исфрли супстанцата во стомакот, ќе биде уништена од самиот дигестивниот систем.

Блу-реј дискови

 На видео касетите им дојде крај со појавата на ДВД учте во 2000-та година. Исто како аудио касетите кои беа заменети со ЦД во 1980-та. За неколку години нема да имаме потерба од физички медиуми. Платформите како Нетфликс и Јутјуб  имаат опции поради кои се губи потребата за купување Блу-реј дискови.

 Банкомати, картици и паричници

Сеуште плаќањето во кеш останува најпопуларно.  Картичките и онлајн банкарството нема да имаат уште многу време пред властите да престанат да го трошат буџетот за печатење банкноти и најверојатно ќе се воведат само дигитални валути. Денес само 9% од светското население користи кеш. Штом кешот и кредитните картички ќе ја изгубат својата популарност, веќе нема да има потреба од паричници и банкомати.

Жичани полначи

Замислете веќе никогаш да не треба да се грижите за тоа каде е вашиот полнач и дали ви е полна батеријата на вашиот мобилен уред. Популарноста на жичните полначи за телефони се намалува ако се земе предвид дека повеќето телефони веќе можат да се полнат и безжично. Компаниите веќе создаваат направи кои користат радио бранови и WI-FI за полнење.

Клуч

Направена е технологија која може целосно да ги замени металните клучеви. Прашање на време е само кога клучевите ќе заминат назад во историјата. Некои нови автомобили веќе имаат опција за вклучување со  копче. Веќе можете да отворате брави со гласовни команди или со скенирање на прст. Верувале или не, во иднина ќе можете да си ставите и мал инплант во дланката којшто ќе биде препознат од вашата брава.

 

 

Leave a comment