Сите ние постојано ги користиме, комуницираме преку нив,  тие се нашата главна дневна и ноќна преокупација, тие се нашиот извор на информации, и сме пробале многу често но не можеме без нив – тоа се нашите паметни телефони.

 

Во продолжение следуваат најчестите грешки кои ги правиме при користењето на смартфоните а кои секогаш сметаме дека нема да им наштетат.    
Сите ние веруваме дека малку вода нема да им наштети, а тоа воопшто не е точно. Сигурно ви се случило барем еднаш вашиот телефон да ви падне во вода. И секако, веднаш посегнувате по ориз. Но, бидете внимателни. Прво извадете ја батеријата бидејќи таа е најчувствителна, потоа СИМ картичката и мемориската картичка. Дури потоа ставете го уредот во ориз.

Многу често ни се случува и да не се грижиме каде ги оставаме, а тоа не е добро за нашиот телефон. Не е добро да се става мобилниот во кошницата од велосипедот или некое друго место што постојано се движи и удира, бидејќи сите тие мали удари може да му наштетат на уредот, а состојбата станува полоша со текот на времето.

Една од најчестите грешки кои ги правиме е што оставаме батеријата на нашиот телефон да се испразни до крај. Сигурно веќе сте слушнале дека уредите треба да ги оставите да се испразнат, а после тоа да ги наполните. Ова правило е веќе застарено - тоа важеше за старите батерии, но на оние во новите уреди тоа нема да им наштети.Идеално би било батеријата да се држи на ниво од 20 до 80 отсто.Исто така, интересен е фактот дека ако мобилниот остане подолго на полнач, тоа нема да му наштети на батеријата бидејќи таа не може да се „преполни“. Новите батерии се посебно направени да го блокираат протокот на струја откако ќе се наполнат до крај.
Една од најголемите грешки кои ги правиме при користењето на нашите мобилни телефони е што користиме „ултра-брзи“ полначи, бидејќи тие само ветуваат многу, но треба да сме внимателни и добро да размислиме пред да го купиме затоа што вистинското прашање е дали нашиот паметен телефон поддржува вакво полнење.

Можеби не сте знаеле, но секогаш треба да ја отстрануваме заштитната маска од мобилниот додека тој се полни, бидејќи таа му штети на телефонот. Маската може да ја задржи топлината па уредот и батеријата, па тие можат да се прегреат што доведува донепосакувани, па дури и опасни последици.

Нашиот телефон треба до штитиме и од прекумерна светлина и топлина. Да, бидејќи високите температури се најлошото нешто за батериите на паметните телефони, а сончевата светлина не е добра ниту за екранот. Ако мобилниот телефон е подолго време изложен на светлина, бојата и контрастот на екранот може да избледат. Најдобро е да се чуваат на собна температура. Но, бидете внимателни бидејќи истото ова се случува и со студеното време, бидејќи во текот на зимата, на батеријата ѝ е потребно повеќе енергија за работа, потребно е да ги чувате мобилните во внатрешните џебови на јакната или во заштитни маски.

Внимавајте и при изборот на позадина на Вашиот телефон. Дали знаете дека светлите позадини, па дури и статичните фотографии, бараат повеќе енергија за полнење. Затоа, заменете ја вашата позадина со некоја потемна и батеријата ќе ви трае подолго. Истото важи и за светлината на екранот. Кога и да сте во можност, намалете ја на минимум.

За крај, одржувајте ја хигиената на Вашиот телефон. Можеби звучи смешно, но е од извонредна важност за здравјето на Вашиот смартфон.

Кога последен пат сте го исчистиле Вашиот телефон? Сега е вистинското време. Сепак, внимавајте како ќе го правите тоа.

 

Извор: fakulteti.mk

 

Leave a comment