Новата функција на Skype ќе биде достапна кон крајот на овој месец.

 

Microsoft конечно ја додаде опцијата за снимање на разговорите. Кон крајот на овој месец, Skype ќе биде ажуриран да содржи вградено снимање на разговорите. Оваа опција ќе биде базирана на облакот, со што ќе имате пристап до вашите снимки од разговорите низ различни уреди, вклучувајќи ги Windows, Mac, iOS, Android, па и Linux.

Ова е прв пат Skype да вгради снимање на разговорите уште од првото лансирање пред 15 години. Оваа опција е само дел од новите функции што ќе бидат воведени.

Друга нова опција е тоа што десктоп-апликацијата ќе добие нов дизајн и ќе биде слична со мобилната верзија на Skype. Microsoft го тестира новиот дизајн изминатава година и сега планира сите десктоп-корисници да извршат надградба на 8.0 верзијата до 1-ви септември.

Во новата десктоп апликација ги има повеќето од функциите на Windows 10. Приватните разговори ќе бидат засилени со „Сигнал Протоколот“ за да се обезбеди дека аудиоповиците и разговорите се шифрирани.

Извор: The Verge

Leave a comment