Секоја секунда на Земјата, 100 удари на гром ја погодуваат планетата.

 

Во просек,тоа е околу 8 милиони удари на гром дневно, и 3 милијарди годишно. Но, како што покажува оваа карта од речиси 9 милијарди удари од гром, молњите не се рамномерно распоредени низ целиот свет.

Секој континент, со исклучок на замрзнатите делови на Антарктикот, има жаришта на гром - обично делови кои се судруваат со воздушни маси или планини.

Како функционира: Општо земено, овие жаришта можат да се најдат во области каде воздушните маси често се судираат, што доведува до зголемувањето на движењето на воздухот што ги создава масивните кумулонимуси(вид на облаци) кои произведуваат молња. Покрај тоа, планинските региони, исто така, можат да дејствуваат како фабрики за громови.

Компанијата Ваисала има глобална мрежа за детекција на молња, позната како GLD360, која следела скоро 8,8 милиони удари од молња помеѓу 2013 и 2017 година. Според метеорологот Ваисала Рон Холе, прецизните модели на молска дистрибуција се разликуваат од година во година, зависно од варијациите во времето.

Со текот на времето, сепак, се појавуваат обрасци:

-Во Северна Америка, регионот популарно познат како "Tornado Alley" во Големите рамнини е жариште на громови, заедно со Мексиканскиот Залив.

-Во Јужна Америка, Парагвај, Уругвај и Колумбија има најмногу удари од молња.

-Во Африка, најмногу молњи има во источниот дел на Демократска Република Конго.

-Северното крајбрежје на Австралија е магнет за молњи, бидејќи се граничи со тропскиот појас.

-Bo Азија, североисточна Индија, Суматра и Малезија се рангирани како локации каде има најмногугромови, врз основа на податоците на Вајсала.

Поради климатските промени, како одговор на „стаклената градина“, како и природната варијабилност, се менува и бројот на громови. На пример, изминатите неколку лета покажаа невообичаено голем број удари на гром во Алјаска.

 

www.axios.com

Leave a comment