Ако користите Фејсбук, социјалната мрежа ќе ве следи на повеќе од илјада страници. Фејсбук буквално го гледа она што го правиш на интернет со помош на вградени Фејсбук копчињата на порталите кои ги посетуваш.

 

Firefox сега откри нова екстензија, која сигурно ќе му „боди очи на Марк Цукерберг.

Facebook Container е достапен само за Firefox и Mozilla пребарувачот и ветува дека вашите информации нема да бидат злоупотребени.

За разлика од Фејсбук и Google, Mozilla е непрофитабилен пребарувач и не заработува пари со складирање на кориснички податоци.

"Оваа екстензија ви дава можност за поблиска контрола на активноста на Фејсбук со изолирање на вашиот идентитет во посебен дел. Наместо да престанете со користење на Фејсбук и да пропуштите многу прекрасни моменти, треба да имате алатки кои ќе ви овозможат да ограничитекои податоците смеат да се собираат за вас ", пишува во соопштението од Mozilla.

Веднаш штом ќе го инсталирате Facebook Container, моментално ги бришете колачињата од Фејсбук и ќе бидете одлогирани. Следниот пат кога ќе го посетите Фејсбук, ќе ви се отвори ново јазиче обоено со сина боја. Можете да се логирате и да го користите од таму. Сите нови јазичиња и понатамошни активности ќе бидат имплементирани со помош на Facebook Container.

Leave a comment