Scanmarker е алатка со која го скенирате текстот кој сметате дека ви е потребен за учење.

 

Наместо вие да го препишувате текстот кој ви е потребен во Word, Excel или која и да е друга програма, Scanmarker го скенира и го процесира до вашиот компјутер, таблет или паметен телефон.

Дигиталниот форматиран текст веднаш се пренесува до апликација каде што сакате и потоа лесно може да го преправате документот и да го споделите. Сите овие фази се случуваат за дел од секунда.

Scanmarker скенира директно на апликацијата на компјутер или на веб пребарувачот, не пишувате ништо, без разлика дали користите Word документи, Еxcel, Gmail, Facebook или било која друга апликаци, текстот се поравува точно онаму каде што сакате. Без разлика дали ја користите тастатурата за пишување, Scanmarker веднаш пишува наместо вас.

Со Scanmarker може и да преведувате. Одберете го текстот што сакате да го преведите, поминете преку текстот со scanmarker и преводот ќе ви се појави за неколку секунди таму каде што ви покажувачот. Може да преведува на 40 јазици, но не и на македонски јазик.

Scanmarker може да скенира и бар-кодови. Доколку ви е потребен брз пристап до податоци за некој продукт, scanmarker е одлична алатка.

Scanmarcer може и да го „чита на глас“ скенираниот текст. Ова им помага многу на оние кои имаат дисклексија и потешкотии во учењето.

 

Scanmarker може да го порачате онлајн, по цена од 79 и 100 долари.

Leave a comment