Истражувачки тим од Универзитетот во Јужна Калифорнија развиле „мемориски протези“, вид на импланти кои би  можеле да го подобрат памтењето кај луѓето.

 

Нивното откритие е презентирано на Институтот за неврологија во Вашингтон.

Уредот со состои од електроди кои се вградуваат во мозокот и ги имитираат природните процеси на памтење правејќе мали електрични напони во хипоталамусот, дел од мозокот кој е задолжен за учење и памтење.

Бидејќи станува збор за електроди кои ги имитираат вообичаените активности на мозокот, научниците се надеваат дека овие електроди би можеле да им помогна тна луѓето кои имаат пореметувања во памтењето, како што е деменција.

Дваесет доброволци учествувале во екпериментот кој го спровел истражувачкиот тим. Прикачувани им се електроди, а потоа им е дадена кратка мемориска игра. На секој од учесниците им се прикажани фотографии во кратка презентација, а по 75 секунди нивната задача била да се сетат што виделе.

Истражувачите, набљудувајќи ја активноста на невроните, пробале да утврдат што се случува во нивниот мозок, за да дознаат кои делови од мозокот се активни кога пробувале да се сетат што било претставено на фотографиите.

Во понатамошниот дел од испитувањата, научниците ги употребиле имплантите на испитаниците за да ги стимулираат деловите од мозокот кои во претходниот експеримент биле активни.

Испитувањето покажало дека овој уред може да ги подобри резултатите на тестовите за меморија за 30%. Истражувачите се надеваат дека во иднина овој уред ќе се користи за подобрување на памтењето, видот и движењата.

Leave a comment