Хабл телескопот откри дека планета која е позната од претходно, е целосно црна. Планетата апсорбира 94% од светлината која паѓа на неа, што е невообичаено.

 

Името на планетата е WASP-12b и е одалечена 1400 светлосни години од земјата.Се работи за таканаречен „жежок Јупитер“ – гасовит џин кој орбитира многу блиску до матичната ѕвезда. Се смета дека дневните температури се околу 2500 °C, а навечер двојно пониски.

Планетата прв пат била откриена во 2008 година, којашто орбитирала кон соѕвездието Кочијаш (Auriga). И покрај претходните проучувања, ова е прв пат каде што се дознава за изгледот на планетата.

На едната страна е секогаш ден, а на другата ноќ. Бојата на планетата беше изведена од набљудување на преминот на планетата преку ѕвездата. Овој премин им овозможи на астрономите да ја измерат рефлектираната светлина од дневната страна, но набљудувањата покажаа дека скоро и да нема рефлектирана светлина. Дневната страна од планетата ја апсорбира целата светлина која паѓа на неа.

Поради големата топлина, не можат да се создадат облаци на дневната страна од планетата. Поради топлината водородните молекули се разложуваат на водородни атоми, коишто пак апсорбираат повеќе светлина.

 

Планетата орбитира на 3.2 милиони километри од сонцето, и ја комплетира својата орбита за еден ден. Малото растојание меѓу нив е причината поради која е многу жешко на оваа планета. Поради тоа, планетата се растегнува и добива јајцевидна форма. Кога би можеле да ја видиме планетата од блиску, таа би изгледала црвена, слично на вжарен метал.

Leave a comment