Постои веројатност истражувачите од универзитетот во Токио да го пронашле најстариот доказ заживот на земјата, древен фосил стар скоро четири милијарди години.

 

Истражувачите уверуваат дека остатоците од графитот пронајден во древните седиментни карпи во Лабрадор, Канада, укажуваат на тоа дека животот на земјата постоел пред 3,95 милијарди години.

Истражувачите ја измериле концентрацијата и содржината со изотоп од графитот и заклучиле дека тоа е производ од живи организми. Земјата е формирана пред околу 4,5 милијарди години, а океаните се појавиле пред околу 4,4 милијарди години.

Leave a comment