Компанијата Huawei Consumer Business Group го објави и пушти во продажба новиот Huawei Mobile Cloud кој им овозможува на корисниците да ги сочуваат и преместуваат своите податоци и поставки без да употребуваат кабли, да ги синхронизираат и лесно да ги префрлаат податоците од еден на друг Huawei уред, како и безбедно да ги чуваат и да пристапуваат кон дадотеките со помош на услугата Cloud Drive. Корисниците кои ќе се претплатат на Huawei Mobile Cloud ќе добијаат 5GB бесплатна Cloud меморија.

 

Од септември, новите поставки постепено ќе се воведуваат за моделите Huawei P10, P10 Plus, P10 lite, а потоа и за другите модели. Сите фотографии и видео записи направени со камерата, сликите од екранот и видео снимките ќе можат автоматски да се зачуваат на cloud – меморијата. Корисниците можат да им пристапат преку пребарувачите на адресата cloud.huawei.com или преку апликацијата Gallery на своите уреди.

Исто така, податоците може автоматски да се синхронизираат на сите Huawei телефони, така да лесно можете да им пристапите на контактите, календарот, Wi-Fi поставувањата и белешките со помош на налогот Huawei ID. Со овие податоци може да се управува и преку Cloud Web порталот.

Сите податоци се чуваат на европските сервери во согласност со законите на Европската Унија за заштита и приватност на податоците. Услугите на Huawei Mobile Cloud се сертифицирани од страна на Cloud Security Alliance Star /CSA Star (ISO/IEC 27001).

Huawei Mobile Cloud ќе биде пуштен во продажба во Финска, Полска, Германија, Италија, Франција, Шпанија, Холандија, Велика Британија, а подоцна и во другите земји. Новите поставки за  Huawei P10 и P10 Plus беа претставени на 30 септември, а на 10 октомври ќе бидат претставени за моделот P10 lite. Рапоредот на претставување ќе варира во зависност од операторот.

 

Повеќе информации може да најдете на следниот линк.

Leave a comment