Наука и технологија (29)

Телескопот Хабл на НАСА пронајде целосно црна планета

Хабл телескопот откри дека планета која е позната од претходно, е целосно црна. Планетата апсорбира 94% од светлината која паѓа на неа, што е невообичаено.

Лепенки за стапала

За оние кои се навикнати на чевли, лепенките за стапала се алтернатива за да можат да почуствуваат како е да се оди бос, било каде.

Пронајден најстариот доказ за живот на земјата

Постои веројатност истражувачите од универзитетот во Токио да го пронашле најстариот доказ заживот на земјата, древен фосил стар скоро четири милијарди години.

Huawei го претстави новиот преносен Cloud за корисниците на мобилни телефони

Компанијата Huawei Consumer Business Group го објави и пушти во продажба новиот Huawei Mobile Cloud кој им овозможува на корисниците да ги сочуваат и преместуваат своите податоци и поставки без да употребуваат кабли, да ги синхронизираат и лесно да ги префрлаат податоците од еден на друг Huawei уред, како и безбедно да ги чуваат и да пристапуваат кон дадотеките со помош на услугата Cloud Drive. Корисниците кои ќе се претплатат на Huawei Mobile Cloud ќе добијаат 5GB бесплатна Cloud меморија.

На Антарктикот пронајдени скоро 100 вулкани

 

Два километри под површината на вечниот лед на Антарктикот тим научници од Универзитетот во Единбург пронајде скоро 100 вулкани, од кои највисокиот има 4.000 метри.

SurfacePage: Парче виртуелна хартија

SurfacePage е таблет кој ја чува животната средина и ви овозможува да ги средувате вашите документи без да ги печатите. Ова е единствената направа која драстично го намалува користењето на принтерот, а го забрзува текот на работата.

Смартфон технологија од хартија

Кина уверува дека хартијата може да се користи при изработка на смартфони чии екрани ќе можат да се виткаат. Со ова се верува дека во иднина хартијата ќе ги замени неразградливите материјали кои се користат при изработка на екраните.

Елон Маск: Вештачката интелигенција е најголемата закана за човештвото

Основачот на компаниите SpaceX и Tesla Елон Маск смета дека вештачката интелигенција е најголемата опасност со која се соочува човештвото и дека роботите би можеле да почнат да убиваат луѓе.