Избор на најдобра мобилна апликација во рамките на националната кампања „Информирај се СЕГА“

 

Денес06.03.2017 (понеделник), во бараките на ФИНКИ, во мултимедијалната сала,во Скопје, со почеток во 12 часот, се одржа официјална презентација на најдобра мобилна апликација- Натпревар за креирање мобилна апликација во рамките на Националната кампања "Информирај се СЕГА", спроведена од Коалиција СЕГА со Младинските Информативни и Советодавни Центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци во соработка со Агенција за млади и спорт и има за цел да им овозможи на младите луѓе безбедно да дојдат до квалитетни интернет информации кои им се потребни и да бидат целосно описменети како дигитални учесници во денешното информатичко општество.