Избор на најдобра мобилна апликација во рамките на националната кампања „Информирај се СЕГА“

 

Денес06.03.2017 (понеделник), во бараките на ФИНКИ, во мултимедијалната сала,во Скопје, со почеток во 12 часот, се одржа официјална презентација на најдобра мобилна апликација- Натпревар за креирање мобилна апликација во рамките на Националната кампања "Информирај се СЕГА", спроведена од Коалиција СЕГА со Младинските Информативни и Советодавни Центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци во соработка со Агенција за млади и спорт и има за цел да им овозможи на младите луѓе безбедно да дојдат до квалитетни интернет информации кои им се потребни и да бидат целосно описменети како дигитални учесници во денешното информатичко општество.

Национална кампања „Информирај се СЕГА!“

Кампањата „Информирај се СЕГА!“ ја спроведуваат Коалиција СЕГА со Младинските Информативни и Советодавни центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци во соработка со Агенција за млади и спорт. Кампањата предвидува серија на активности кои ќе се реализираат од 01 септември 2016 – 31 мај 2017 година.

Почеток на Националната кампања „Право на младинско информирање – Информирај се СЕГА!“

Младинските Информативни и Советодавни центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци во соработка со Агенција за млади и спорт и Коалиција СЕГА на први декември 2015 година официјално ја започнаа Националната кампања „Право на младинско информирање – Информирај се СЕГА!“. Кампањата има за цел да им го донесе поблиску правото на младите луѓе да прашуваат и да  добиваат информации од носителите на одлуки. Во кампањата се приклучија 10 организации од повеќе градови низ Македонија.

Опис на активностите на националната кампања „Право на младинско информирање– Информирај се СЕГА!“

Активности во месец февруари

Со оглед на тоа дека кампањата е започната во месец Декември, месец Февруари ќе вклучи активности со кои младите ќе се охрабрат да учествуваат во процесот на обезбедување полесен пристап до информации и споделување на информации. Темите и активностите во овој месец имаат ќе се насочат кон собирање на информации кои понатаму ќе бидат документирани и споделени.