Се одржа ИНФО Караван во центарот на Кавадарци
- Новости
- 13 Sep 2017
Младинскиот Информативен центар ИНФО СЕГА од Кавадарци по повод „Нeделата на граѓански организации“ поддржана од Проектот за граѓанско учество (ПГУ) на УСАИД организираше ИНФО Караван во центарот на Кавадарци. На ИНФО СЕГА Караванот локалните млади имаа можност да се информираат за Еразмус+ програмата, Европски волонтерски сервис, услугите на ИНФО СЕГА, да бидат дел од креативното катче и да се забавуваат преку безброј активности за млади.
Во центарот на Прилеп одржан ИНФО ДЕН по повод Европската недела на млади
- Новости
- 05 May 2017
Денес во центарот на Прилеп беше одржан ИНФО ДЕН организиран од Коалиција на младински организации СЕГА заедно со Младински Инфомративен центар ИНФО СЕГА и Младински Совет Прилеп по повод Европската недела на млади 2017 година.
ИНФО ДЕН по повод Европската недела на млади
- Новости
- 04 May 2017
Коалиција на младински организации СЕГА заедно со Младински Инфомративен центар ИНФО СЕГА и Младински Совет Прилеп по повод Европската недела на млади 2017, организираат ИНФО ДЕН во центарот на Прилеп, на ден 05 мај (петок) 2017 година, од 11-14 часот.
Инфо ден на младински информативен и советодавен центар - ИНФО СЕГА
- Новости
- 01 Mar 2017
На 25 Февруари, во центарот на град Прилеп се одржа ИНФО ДЕН на Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА- Прилеп, со што се изврши промоција на услугите на младинскиот информативен центар.