ИНФО СЕГА (266)

Едукативна работилница „Предрасуди и стереотипи“

На 13 февруари во просториите на Младински информативен центар ИНФО СЕГА Кавадарци се одржа едукативна работилница на тема „Предрасуди и стереотипи“. 

Одржан првиот натпревар во шах во рамки на проектот „Преку спорт до подобар соживот“

Во градската библиотеката „Феткин„ на 10 февруари 2019г. се одржа турнирот во шах.Одлична организација и голема масовност. Натпреварите привлекоа голем број натпреварувачи, а целта беше во нив да се вклучат лица со попреченост и лица без попреченост.

Одржана креативна работилница во ОУ “Гоце Делчев” – Прилеп

Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА од Прилеп заедно со Младински Совет Прилеп и  ЕВС волонтерите, во соработка со персоналот од основното училиште „Гоце Делчев“ – Прилеп одржа креативна работилница на тема: Нова година и Божиќ.

Едукативни работилници на тема Младинско учество во процесот на донесување одлуки

 

Денес, 15.10.2018 година започна втората фаза од проектот „Вклучи се и ти, заедно да сме активни“ и се одржа првата работилница на тема Механизми за младинско учество во процесот на донесување на одлуки во СОУ„Добри Даскавов“ Кавадарци .Опфатени беа 60 млади лица кои беа обучени на тема Совет на Млади и Училишен Парламент.

Што им е потребно на младите од општина Кривогаштани?

Отворање на Младински Информативен Центар, простор за млади, библиотека, се само дел од потребите на младите во Општина Кривогаштани.

Младите луѓе во с. Крушеани воопшто не се вклучени во процесите на донесување на одлуки

На 03.09.2018 година во просториите на подрачното основно училиште „Манчу Матак“ с. Крушеани, о. Кривогаштани, Коалиција СЕГА во соработка со организациите МИРР и ЛАГ АГРО Лидер ја одржа и третата Локална дискусија со млади.

Младинскиот Информативен и Советодавен Центар од Прилеп ја менува својата локација

После успешни 8 години работа на старата локација, Младинскиот Информативен и Советодавен Центар „ИНФО СЕГА“ Прилеп добива нова локација.

На младите од Кривогаштани им е потребен заеднички простор каде ќе функционираат заедно

На 27.08.2018 година во просториите на пензионерскиот клуб во о. Кривогаштани се одржа втората Локална дискусија со млади во соработка со организациите МИРР и ЛАГ АГРО Лидер.