Во Прилеп, на ден 09.02.2017 година, беа отворени и промовирани просториите на Младинскиот Инфо Кариерен Центар„Отворена врата за млади од млади“, воедно беше промовиран Проектот Подобрување на социјалната инклузија преку јакнење на вработливоста „Отворена врата - за младите од младите“.

 

„Причините за отворањето на ваков Кариерен Центар за Млади се да се обезбеди простор за дополнителна обука на младите – кои доаѓаат од семејства корисници на социјална помош. Oвој проект има за цел да обезбеди подобра социјална инклузија на оваа категорија на млади. Преку низата обуки кои ќе опфатат вкупно 28 млади од Прилеп – кои доаѓаат од семејства корисници на социјална помош ќе им се обезбеди помош да се вработат и да најдат свое место на пазарот на трудот, односно на истите ќе им се изработи нивно кариерно портфолио и ќе се утврдат нивните компетенции, вештини и знаења со кои ќе имаат основа каде треба да се насочат на пазарот на трудот“ - изјави Извршниот директор на Коалиција СЕГА, Зоран Илиески

„Соработката со Центарот за социјална работа во рамките на овој проект се состои во селекција на млади – кои доаѓаат од семејства корисници на социјална помош. Селекцијата ќе се врши од страна на обучено стручно лица од Центарот за социјална работа преку информирање и запознавање на младите од оваа ранлива категорија за помошта и поддршката која ја нуди овој проект  и обуките кои се реализираат во рамките на истиот“ – изјави Снежана Јованоска, директор на Центарот за социјална работа.

„Ова е доказ дека Прилеп навистина претставува една од општините лидери – корисници на ЕУ фондови, така е преку оваа ИПА програма во соработка со Коалиција СЕГА и Центарот за социјална помош се реализира овој интересен проект наменет за младите од ранливи категории, на кој ќе им се овозможи да го користат овој Кариерен Центар и да бидат дел од низата обуки со цел да бидат поконкурентни на пазарот на трудот, односно преку доквалификацијата што ќе ја стекнат полесно да најдат работа во Градот Прилеп“ – изјави градоначалникот на Градот Прилеп, Марјан Ристески

Проектот се реализира со поддршка од ЕУ и е дел од втората грантова шема од компонентата ИПА4 со специфична намена за социјална инклузија, а го спроведува Коалиција на младински организации СЕГА во партнерство со КАБА од Словачка и ЕАСП од Македонија.

 

 Проектот Подобрување на социјалната инклузија преку јакнење на вработливоста „Отворена врата - за млади од млади“ финансиран од Европска Унија

 

 

470 comments

Leave a comment