Error
  • JUser: :_load: Unable to load user with ID: 79833

Вчера на 11 јули 2019 година, Младинскиот информативен и советодавен центар ИНФО СЕГА заедно со Младински Совет Прилеп и своите волонтери од Франција, Турција и Америка, како и со своите локални волонтери одржаа уште една работилница од Летната креативна школа за деца.

 

Вчерашниот ден го искористивме за да поуживаме малку надвор на свеж воздух! Работилницата ја одржавме на Могила.

Играме Treasure hunt (Потрага по богатството).

Преку игра успеавме малку да ги размрдаме и мозочињата.

Најпрво ги поделивме дечињата во тимови. Секој тим почна со потрагата од различна позиција, и секој тим мораше да ги реши сите загатки кои на крај водеа до богатството.

Размислувавме, трчавме, се смеевме и се забавувавме!

Тимот кој го пронајде богатството, го подели истото со сите дечиња!

Младинскиот информативен и советодавен центар ИНФО СЕГА продолжува со дружби со дечињата!

Leave a comment