СЕГА е национална платформа на младински организации посветена на лобирање за потребни законски измени, како и посветеност на поддршката на младинскиот активизам, пристап до информации и учество на младите луѓе во активности за решавање на нивните проблеми.

Главни вредности и принципи на работење во Коалиција СЕГА се:

 Напорно работење на активно застапување за интересите и потребите на младите и младинските организации во Македонија. Во својата работа го поттикнува пристапот во нагорна линија.
Отвореност за соработка со слични организации од Македонија и од странство.
Има активна соработка со сите институции на национално и локално ниво кои се поврзани со потребите на младите.
Проактивност во информирањето и решавањето на младинските прашања.
Застапување за зголемување на охрабрувањето на младите луѓе во формалните младински организации во Македонија.
Застапување за зголемување на обемот на работните области на младинските организации во Македонија.

 

Leave a comment