ИНФО СЕГА (261)

Младите луѓе во с. Крушеани воопшто не се вклучени во процесите на донесување на одлуки

На 03.09.2018 година во просториите на подрачното основно училиште „Манчу Матак“ с. Крушеани, о. Кривогаштани, Коалиција СЕГА во соработка со организациите МИРР и ЛАГ АГРО Лидер ја одржа и третата Локална дискусија со млади.

Младинскиот Информативен и Советодавен Центар од Прилеп ја менува својата локација

После успешни 8 години работа на старата локација, Младинскиот Информативен и Советодавен Центар „ИНФО СЕГА“ Прилеп добива нова локација.

На младите од Кривогаштани им е потребен заеднички простор каде ќе функционираат заедно

На 27.08.2018 година во просториите на пензионерскиот клуб во о. Кривогаштани се одржа втората Локална дискусија со млади во соработка со организациите МИРР и ЛАГ АГРО Лидер.

Извештај: „Улогата на младинските информациски сервиси во социјалната инклузија на младите во NEET ситуација“

Извештајот за состојбата на NEET - искуството на ЕУ, специфичностите за Македонија и Хрватска ги презентира податоците собрани преку процес на сеопфатна работа и истражување за младите за состојбата на НЕЕТ на ниво на ЕУ и состојбите на терен во Македонија и Хрватска (регионот на Ријека). Извештајот е клучен резултат во рамките на проектот "Младински информативни центри оспособени за NEET" кофинансирани од програмата Еразмус+ на Европската унија, Клучна акција 2: Соработка за иновации и размена на добри практики, Стратешки партнерства во областа на младите, Стратешки партнерства за поддршка на иновациите.

Одржана локална дискусија за Идентификување на потребите на младите во с. Обршани, Кривогаштани

На 20.08.2018 година во просториите на ООУ Јонче Смугрески во с. Обршани се одржа Локална дискусија со млади во соработка со организациите МИРР и ЛАГ АГРО Лидер.  

Започна три дневна обука „Прв чекор да станеш активен млад човек - Механизми за младински учество во процес на донесување на одлуки„

Денес во Дојран започна обуката „Прв чекор да станеш активен млад човек – Механизми за младинско учество во процесите на донесување одлуки“ како дел од „Локален фонд за млади“.

Коалиција СЕГА беше гостин на GLOW & YMLP камповите организирани од ИМКА Битола

Kоалиција на младински организации СЕГА учествуваше на двата GLOW и YMLP кампови, кои се едни од најистакнатите младински лидерски кампови во Македонија.

Реализирана обука за Финансиско работење

Во рамки на проектот „Застапување на Граѓанските Организации за активно младинско учество“ на 20 јули 2018 година, Коалиција на младински организации СЕГА ја реализира обуката на тема „Финансиско работење“ во просториите на Коалиција СЕГА.