Во петок на 5 јули 2019 година во 20:00 часот во ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков ќе биде отворена изложбата на слики „Емоции – допир со природата“ од Александра Богоеска.

Изложбата ќе биде отворена до 18 јули 2019 година и ќе бидат изложени 16 дела.

Александра Богоеска е родена на 14.05.1985 година во Прилеп. Дипломирала на ФЛУ Скопје, оддел скулптура, конзервација и реставрација. Има реализирано групни изложби во Македонија и во странство. Има учествувано на голем број колонии низ земјата и во Србија. Изработува скулптури, мозаици,слики. Живее и работи во Прилеп.

Leave a comment