Error
  • JUser: :_load: Unable to load user with ID: 79833

Љубител сте на поезија и се прашувате што да прочитате следно? Одличната поезија на прилепчанецот Далибор Иванович сега може да е и во вашите раце.

 Каде може да ја пронајдете ви открива следното кратко интервју направено со него.

Прво продажно место на книгите твои гледам од денеска, ајде со среќа нека е, добро е вака да има човек кај да си ги купи ако посака.

-       Фала.

Не знам само зошто чекаше толку долго како да не ти се пуштаа меѓу светот, а?

-       Можеби бев себичен не знам.

И зошто баш сега, и зошто баш во близина на гимназија во кафуле со храна, а не во книжара или стара чаршија, имаш таму твои луѓе, можеби е подобро?

-       Зошто сега? Искрено, затоа што една пријателка прилепчанка што ете засакала некако да го чита она што го пишувам, нешто видела убаво за неа во напишаното, и пред некое време ме праша кај може да си најде моја книга ? И тоа беше доволна причина. Не сум во градот да и ја дадам лично како што постапував до сега секогаш штом некој ќе покажеше интерес за моите книги, но можам да и овозможам да го најде тоа што го посакала имам мои луѓе долу, и ете сега таа може да си ја најде книгата, ништо посебно. А околу тоа зошто баш Bektesh House покрај гимназија? Затоа што бев гимназијалец во тоа исто училиште, прв пат кога почнав да размислувам нешто да напишам, ете затоа. А искрено, и најмногу би сакал од сите прилепчани, најблиску да ми се книгите до гимназијалиците, некако ми е најсигурно.

Не е поврзано со Нова година?

-       Не. “

Побрзајте!

(Информациите се преземени од фејсбук)

Leave a comment