Во Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци, синоќа беа доделени наградите за распишаниот конкурс “Пехарот на Свети Трифун“.

 

Kонкурсот беше наменет за избор на  поетски творби за ученици од основните и средните училишта од општина Кавадарци. Младите поети ги претставија своите поетски инспирации . За музичкиот дел беа задолжени познатите кавадаречки гитаристи Ристе Димитров и Виктор Кимов.

Настанот се одржа во чест на големиот празник “Свети Трифун“, а  во организација на Клубот на писатели “Тиквешки цветови“ Кавадарци, во соработка со Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци, Библиотеката “Феткин“ и училиштата од општина Кавадарци.

На почетокот присутните ги поздрави директорот на Домот на Културата Александар Малинков а за текот на реализирањето на Конкурсот гиовореа Вероника Костадинова –од Поетскиот клуб Тиквешки Цветови и членот на жирото Микица Илова.

Жири комисијата во состав Надица Тренчева (претставник од здружението на писатели Тиквешки Цветови), Микица Илова (претставник од Домот на културата во Кавадарци) и Влатко Тасев(претставник од образованието, професор по македонски јазик) ги разгледа внимателно сите пристигнати песни и го направи следниов избор:Наградени песни на учесници од средното образование:

-1 место и специјална награда „Пехар на Свети Трифун“ за песната „Овие стихови не се мои“ - шифра Виножито

-2 место за песната „Каде си љубов моја“ - шифра 01.11

-3 место за песната „Мојата иднина ја создавам јас“ - шифра 03.03.2018.

Наградени песни на учесници од основното образование:

Специјална награда „Пехар на Свети Трифун“ за песната „Свети Трифун“ - шифра 2811

1 место за песната „Лозарски крај“ - шифра Балерина 11;

2 (а) место за песната „ Рацин... вчера, денес и утре“ - шифра 10ти Март;

2 (б) место за песната „Засекогаш“ - шифра ВОКИ;

3 (а) место за песната „Повик за помош“ - шифра 1123303577;

3 (б) место за песната „Мојот тажен град“ - шифра D.K.A.B.

Покрај наградените песни, жири комисијата одлучи и беа доделени и пофалници на повеќе учесниците.

Leave a comment