Осигурените лица кои привремено престојуваат (приватно или службено, студиски престој, школување и стручно усовршување, престој во врска со меѓународна техничка, научна и културна соработка и сл.) во земји со кои Република Македонија има склучено меѓународен договор за социјално осигурување можат да користат здравствени услуги, како и бесплатна итна медицинска помош врз основа на потврда што ја издава подрачната служба на Фондот за здравствено осигурување на Македонија каде што е поднесена пријавата за задолжително здравствено осигурување.

По исклучок, потврдата не им се издава на осигурени лица за кои е утврдено дека боледуваат од акутни болести или акутни влошувања кај хронични болести.

Постапката за издавање на потврдата се поведува со поднесува барање – Образец ПП1 од страна на осигуреното лице.

Со барањето се доставуваат и следните документи:

– потврда за здравствената состојба, издадена од избраниот лекар и

– наод, оцена и мислење на лекарската комисија на Фондот.

По доставување на барањето, Фондот е должен да издаде двојазичен образец (потврда) за остварување на право на здравствено осигурување за време на привремен престој. Листата на двојазични обрасци е достапна  на интернет-страницата на Фондот. Осигурените лица врз основа на потврдите се изедначуваат со осигурените лица на земјата во која престојуваат, односно ги имаат истите права и обврски во случај на потреба од здравствени услуги.

Leave a comment