Tuesday, 08 May 2018 12:36

Државна матура – што, зошто, кога?

Written by 
Rate this item
(0 votes)

Државната матура е наменета за учениците од гимназиското и од четиригодишното средно стручно образование. Покрај тоа што претставува завршен дел на средното образование има за цел да послужи и за селекција на кандидатите за запишување на високото образование.

Државната матура се полага според посебни испитни програми кои се темелат на целите на наставните програми за соодветните наставни предмети кои се вклучени во листата за државна матура.

Државната матура се полага последниот месец од завршната година во средно образование!

Државната матура опфаќа: задолжителен дел, изборен дел и проектна задача.

Сите информации за полагање на државната матура, може да ги најдете на веб страната http://www.matura.gov.mk/

Read 1395 times Last modified on Thursday, 12 September 2019 10:18

Leave a comment

Make sure you enter the (*) required information where indicated. HTML code is not allowed.