ИНФО ЛАБ (283)

Четворица прилепчани за 19 часа се искачија со трчање на 23 врвови на Баба повисоки од 2.000 метри

Прилепчанецот Александар Стојкоски, придружуван од уште други 3 прилепчани, Александар Еленин, Филип Туманоски и Антонио Каранфилоски направија неверојатен потфат во планинското трчање во Македонија искачувајќи се на 23 врвови на Баба планина повисоки од 2.000 метри за само 19 часа, притоа поминувајќи 85 км. Целата дестинација ја трчал Стојкоски, чија што била и првичната идеја за овој проект насловен како „Баба 2К“, додека другите трчале само делови од рутата. Подготовките траеле околу 3 недели, a дел од рутата се трчалa и ноќе.

Хуманитарен Концерт - "Прилеп За Сара"

Во среда, 31октомври, со почеток во 19 часот ќе се одржи хуманитарен концерт за Сара.

Пијано рецитал - Арда Мустафаоглу

Во петок, 26 октомври 2018 година со почеток од 19 часот, при ликовниот салон на НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп, ќе се одржи Пијано рецитал - Арда Мустафаоглу.

Куклена претстава „Силјан Штркот“

Во недела, 28 октомври 2018 година, со почеток во 11 часот и со реприза во 13 часот, во кино Мис Стон во Прилеп, ќе се емитува куклената претстава „Силјан Штркот“.

Проекција на куси филмови – MакеДокс

На 26 октомври во 19 и 30, во кино Мис Стон во Прилеп ќе се одржи проекција на куси филмови – МакеДокс. Ќе бидат преоктирани пет куси филмови. Два од студентите на ФДУ и три од програмата Доконикулци ) на МАКЕДОКС.

Ретроспективна изложба од Коста Клифов

Од 26ти октомври од 18 и 30 часот до 7ми ноември, во ликовната галерија при НУЦК „Марко Цепенков“ Прилеп ќе биде отворена Ретроспективна изложба од Коста Клифов.

ЏК „Сеишин“ освои 19 медали на меѓународниот турнир „Прилеп Опен 2018“

Клубот СЕИШИН  зеде учество на Меѓународниот Турнир „Прилеп Опен-2018“ во организација на Џудо Клубот Пролетер Прилеп. На овој Турнир СЕИШИН учествуваше со 21 натпреварувач а освоени беа вкупно 19 медали (5 златни, 6 сребрени и 8 бронзени).

Прилепчани во недела ќе имаат можност да погледнат жесток дерби натпревар

Во недела на 21 Октомври со почеток во 10,30 часот, во спортската сала на ООУ “Добре Јованоски”, најдобрите пингпонгарски екипи во Прилеп, ќе го одиграат петтото и шестото коло од првенството на Македонија во пинг-понг.