Да беше денес жив, ќе наполнеше 38 години. Тоше не беше само пејач, беше човек со огромно срце и љубов за сите.

Тој е нашиот непребол. Македонија и Балканот ќе го помнат по она многу што остана зад него. Ѕвездата наша за жал згасна, но ние нема да дозволиме да се заборави.

 

·         „Секоја жена на овој свет заслужува, барем во очите на еден маж во еден момент, во една секунда, макар тоа било и само еднаш во животот, да се почувствува најпосакуваната жена на светот и ако цел живот ми помине во тоа, ќе знам дека не сум го протрошил залудно.“

·         „Човекот треба да биде инспириран, и го молам Бога да не ми ја зема инспирацијата за музиката и инспирацијата во животот.“

·         „Да имам огромна моќ, макар и накратко, би направил да исчезне омразата и злото и луѓето меѓусебно да делат љубов.“

·         „Цел свет е убав кога си насмеан. Кога си нерасположен, те нервира и сончев ден.“

·         „Суштината на животот е да се сака, да имаш некој што те сака, да си сигурен дека те сака и дека е само со тебе.“

·         „Човекот мора да остане човек, без оглед на тоа со што се занимава и каков успех постигнал.“

·         „Љубовта не е нешто со кое треба да тргуваш. Испрати ја и не очекувај кусур. Не биди себичен.“

·         „Сакајте се! Правата љубов е онаа љубов која ја дариш, а не очекуваш да биде возвратена. Кога се чувствува чувството на љубов, доволно е едносмерно. За врска треба да биде двосмерно, а за љубов е доволно само едносмерно.“

·         „Не сакам да ми симнувате капа. Само сакам да се гордеете со мене.“

·         „Никогаш не би се откажал од пријателите. Секогаш би бил со нив. Во добро и во зло. Во добро да се радувам, во зло да помогнам.“

·         „За мене е незамисливо некој кој може да пружи нешто на оние кои имаат малку или воопшто, затвора очи и не пружа ништо.“

·         „Не сакам кога целта ги оправдува средствата, не сакам нечесни игри и не верувам дека во љубовта е сè дозволено - исто како во војната.“

·         „Сите ние луѓе, сме поврзани со некоја посебна сребрена жичка во својата душа.“

·         „Децата се дар од Бога и не можам да не им се радувам. Кога и да се до мене знам дека ме чуваат.“

·         „За љубов би се борел до крај. За љубовта на личност што ми е драга, било да се работи за член на семејството, девојка или пријател. За љубов сум спремен на сè!“

·         „Кога ќе ви одземат сè, ќе ви останат двете раце, составете ги една до друга за молитва... Tогаш ќе бидете НАЈСИЛНИ.“

Leave a comment