Ако ви треба уште една причина да се насмевнете, Марфиевите закони се одличен начин.

 

 

Во продолжение се неколкуте најинтересни и најточни воедно:

 

- Секогаш постои полесен начин од оној кој сте го одбрале.

- Другиот ред секогаш се движи побргу.

- Личноста пред вас секогаш ќе го купи последното парче од она што ви е неопходно во моментот.

- Дупките секогаш се подлабоки отколку што изгледаат.

- Ако смислите нешто ново, некој веќе се сетил на тоа пред вас.

- Сите работи тргнуваат во погрешен правец во ист момент.

- Ако се сомневате во нешто, а ништо не преземате, најверојатно сте во право.

- Незгоди се случуваат само пред сведоци.

- Ако документот е строго доверлив, тогаш сигурно сте го заборавиле во копирницата.

- Техничката поддршка никогаш не видела проблем како вашиот.

- Секое решение го менува проблемот.

- Дури откако ќе го фрлите, ќе откриете зошто ви бил неопходен резервниот дел.

- Колку поценета е вашата титула, толку помалку ценета е вашата работа.

- Ако ви падне нешто што не може да се скрши, бидете сигурни дека ќе погоди нешто што е лесно кршливо.

- Кога чекате важен повик, задолжително ќе ви се јави вашата мајка.

- Ако доцните, јавниот превоз е точен. Ако сте на време, јавниот превоз доцни.

- Кога ќе ги научите правилата, ќе ги променат.

- Цената на фризурата е секогаш правопропорционална со силата на ветерот.

-Сепак, ништо не е толку лошо за да не може да стане полошо!

Leave a comment