1.    Контролор на тобогани

Проверувач на забавни базени (тобогани). Тој ја проверува висината, брзината, количината на вода и сигурноста при спуштањето за да се осигури дека сè е како што треба за луѓето кои доаѓаат на одмор.

 

2.    Дегустатор на чоколадо

Проверувач на чоколадо и менаџер за развој на производите за ланецот продавници Теско, вели дека ја има најдобрата работа во светот.

3.    Изумител на печена храна

Оваа вкусна работна позиција му припаѓа на Абел Гонзалес од Далас. Досега има изумено многу вкусни печени колачи. Со ваква работа, не можеш да останеш гладен.

4.    ТВ-леш

Ако сакате да ја работите најмрзливата работа во светот, која подразбира лежење и неправење ништо по цел ден, тогаш вие треба да станете ТВ-леш. Ќе се дружите и зезате за време на снимањето, ќе добиете бесплатна храна и добар хонорар (200$), барем ако сте дел од светскиот шоу-бизнис.

5.    Пробувач на пиво

Ако имате ваква работа, ќе се чувствувате потопло, но и помалку занесено, почесто од сите други луѓе. За разлика од дегустаторите на вино, пробувачите на пиво мора да голтнат за да дадат оценка за квалитетот на пивото. На здравје пиење!

6.    Тестер на видео игри

Ако ги сакате видео игрите, ова е вистинската работа за вас. Тестерите на видео игри, ги играат игрите пак и пак, сè додека не се уверат во нејзиниот квалитет, во тоа таа да нема никакви технички проблеми, да пробаат да ја „срушат” и многу повеќе.

7.    Контролор на луксузни кревети

Во ред, работава сигурно нема да ви трае вечно, меѓутоа навистина е кул и забавна додека трае. Во август, 2009, Роисин Мадиган, студент од Бирмингем, Англија, добивал по 1.600 долари месечно само за да ги пробува најдобрите кревети и постелнини чијашто цена се движела од 8.000 до 43.500 долари.

8.    Блогер што патува

Паровите коишто уживаат да патуваат и да пишуваат ќе ја обожаваат работава. Официјалните претставници на министерството за туризам на Тајланд, неодамна почнале да ја рекламираат оваа работа за двојки кои би патувале и би блогирале за Тајланд. На петте победнички двојки ќе им бидат платени сите патни трошоци, а парот којшто ќе биде најдобар во својата работа во Тајланд, ќе добие и 10.000 долари, видео камера и Блекбери.

9.    Велосипедист во Париз

Го сакате велосипедизмот и Градот на Светлината? Па тогаш сигурно ќе ја обожавате и оваа работа. Имено, Гугл вработил двајца млади велосипедисти да возат ултра технолошки велосипеди на три тркала низ главниот град на Франција во летото, 2009. Фенси троциклите биле опремени со по 9 камери, GPS, компјутер и генератор за велосипедистите да направат илјадници дигитални фотографии за познатиот сервис Google Maps.

10. Контролор на марихуана за медицински цели

Овие луѓе буквално стануваат „high“ во текот на нивната работа. Со отворањето на многубројните аптеки за марихуана во Калифорнија, Колорадо и во други земји, се отвори и работната позиција за проверувач на квалитетот на овие места и производите кои таму се нудат. Сепак, за да можат да ја работат оваа работа, тие луѓе и самите мора да смеат легално да купуваат марихуана.

989 comments

  • Larryslexy Larryslexy 23 Nov 2017

    viagra wiki viagras pills men 100mg
    soft tabs viagra
    cheap viagra 100mg does viagrag work

    Reply
  • KennethFap KennethFap 23 Nov 2017

    buy name brand cialis online
    cialis prices
    best place buy cialis online
    online cialis
    rx party net pill cialis

    Reply
  • GraceCof GraceCof 23 Nov 2017

    best website to order cialis
    cialis coupons
    cialis soft tablets
    canadian cialis
    cheapest generic cialis canada

    Reply

Leave a comment