Во Гинисовата книга на светски рекорди има многу интересни и необични приказни. Ви пренесуваме некои од најинтересните.

 

Најголем број родени деца – Најголем број на деца родени од една мајка, е рекорд поставен во периодот од 1725 до 1765 година, а него го држи жената на еден руски земјоделец, Фјодор Васиљев. Во тој период таа родила дури 69 деца, од кои 16 пати близнаци, 7 пати тројка, 4 пати четворка и 4 единци.

Најдолг врат – Жените од Мианмар (Бурма) од племето Падаунг, според нивната традиција треба да го издолжуваат вратот со метални прстени. Најдолгиот врат измерен во нивното племе достигнал 40 сантиметри.

Најмал струк – Етл Греинџер од Кембриџ, Велика Британија во 1939 година го поседувала најтесниот струк, кој изнесувал само 33 см во обем.

Најдолга брада, но на жена – Овој рекорд го држи Џенис Давери од Кентаки, САД која во 1884 година имала брада долга запрепастувачки 36 см.

Најголемо јаболко – Најголемото јаболко во светот е најдено во Јапонија и тежело 1,849 килограми.

Најголем лимон – Најголемиот лимон во светот е најден во Израел и тежел 5,265 килограми.

Најмногу кивања – Дона Грифитс од Велика Британија почнала да кива на 13 јануари, 1981 година. Во наредните 365 дена кивнала повеќе од 1 милион пати, што во просек би му дошло дека кивала 2.740 пати дневно. Нејзиното кивање непрекинато продолжило и во наредните 614 дена.

Најмногу облечени маици – Џеф ван Дaјк од Белгија облекол 227 маици во исто време.

Најголема пица – Најголемата пица во светот е направена во Краков, Полска. Ја направиле повеќе од 200 готвачи, а била долга неверојатни 1.000 метри.

Најголема Покемон колекција – Лиса Кортни ја поседува најголемата колекција со Покемон предмети. Според Гинисовата книга, таа има 12.113 предмети и не планира да престане да ги собира.

100 метри на патека со препреки, со пераи - Мерен Зункер од Германија е најбрзата жена која истрчала 100 метри со пераи, за само 22,35 секунди на 13 септември 2008 година.

Најмногу луѓе облечени како штрумфови - На фестивалот Muckno Mania во Монаган, Ирска, на 18 јули 2008 година, 1.253 луѓе се облекле како штрумфови.

Најголемата топка од гумени ластичиња - Џоел Ваул од Америка е креаторот на ова дело. Оваа најголема гумена топка тежи 4.097 кг. Измерена е на 13 ноември 2008 година.

Најголемото џебно ноже - Најголемиот џебен нож во светот е висок 3,9 м и тежи 122 кг. Ножот е дизајниран од Телмо Чадавес од Португалија, а рачно изработен од Виргило, Раул и Мануел Пирес исто така од Португалија на 9 јануари 2003 година.

Најмногу кригли со пиво, носени на 40 метри, од жена - Анита Шварц од Германија, на 9 ноември 2008 година ја доби Гинисовата награда за носење најмногу крилги со пиво (19), на патека долга над 40 метри.

24 часа на моноцикл
-Сем Вакелинг изминал 453,6 километри на моноцикл, за период од 24 часа во Велс, Велика Британија. Подвигот го направил на 29-30 септември 2007 година.

Најголемата колекција на хотелски знакчиња „Не вознемирувај“ - Хоби си е хоби. Жан-Франсоа Вернети од Швајцарија собрал дури 8.888 најразлични хотелски знакчиња „Не вознемирувај“ од 189 земји низ светот. Тој со ова хоби почнал да се занимава од 1985 година.

Најдолги нокти на двете раце - Мелвин Бут (лево) од Трој, Мичиген има нокти долги 9,05 метри. Ли Редмонд (десно) не ги исекла ноктите од 1979 година и тие на сликата се долги 8,65 метри. За жал, нејзините нокти се скршиле во сообраќајна несреќа.

Човек со најрастеглива кожа - Гери Тарнер од Велика Британија може да ја растегне сопствената кожа од стомакот во должина од 15,8 см. Гери има ретка состојба наречена Елерс-Данлос синдром, неправилност на сврзното ткиво кое ги напаѓа кожата, лигаментите и внатрешните органи. Колагенот е тој кој придонесува еластичност на кожата.

 

Преземено од: http://www.kafepauza.mk

3397 comments

  • Edwinindug Edwinindug 15 Dec 2017

    buy cheap viagra australia
    viagra without a doctor prescription
    viagra 100mg price usa
    viagra without prescription
    will generic viagra legal
    viagra no script
    have you used generic viagra
    viagra without prescription
    happens if you take cialis viagra together

    Reply
  • EdwinVex EdwinVex 15 Dec 2017

    how hard is it to get a doctor to prescribe viagra
    viagra without a doctor prescription
    bueno sildenafil generico
    viagra without a doctor prescription
    viagra canada prices
    viagra no script
    pramil forte sildenafil de 100 mg
    viagra ohne rezept aus deutschland
    25mg viagra any good

    Reply
  • Vbsfynsleeda Vbsfynsleeda 15 Dec 2017

    http://viagraonszb.com/
    viagra online stores
    [url=http://viagraonszb.com/]canadian pharmacies[/url]
    online viagra sales
    discount viagra

    Reply

Leave a comment