Пополнувањето на вашата лична биографија со неинформативни фрази може да создаде лоша слика за документот во целост. Порталот за пронаоѓање на работа и споредби на плати, Glasdoor, издвои неколку поими кои не е мудро да се користат во вашето CV.

 1. Невработен

Датумите кога и колку сте биле во работен однос доволно јасно покажуваат дека во моментот немате работа – нема потреба тоа да го нагласувате.

2. Внимателен работник

Работодавецот секогаш се надева дека ќе бидете внимателна индивидуа која ќе доаѓа на работа на време и која знае сама себе да се мотивира. Но нема потреба тоа и да го нагласувате.

3. „Амбицијозен“

Погрешно напишаните зборови, немаат место во вашето CV. Прочитајте го својот документ неколку пати пред да одлучите да го испратите на работодавач. Една правописна грешка може да го расипе целокупниот впечаток бидејќи сугерира дека кандидатот не посветува внимание на детали.

4. Microsoft Office

Популарните готови формулари за CV им сугерираат на кандидатите да ги набројат сите свои вештини како Java, Final Cut Pro, зголемување на продажбата за 150% итн. Добро е ваквите нешта да се споменат во документот, како и информациите кои ве прават совршениот кандидат за тоа работно место. Меѓутоа имајте во предвид дека познавањето на Microsoft Office програмите повеќе не е вештина, туку услов.

5. Додатоци

Дали развојот на вашата кариера течел мирно или сте имале паузи помеѓу работните позиции? Доколку фактите зборуваат сами за себе, нема потреба да одзимате драгоцено место од документот со вишок информации. Ако приложувате и одредена молба со него, тоа е повеќе од доволно информации за вашите квалификации.

6. Синергија

Зборовите како „синергија“ се премногу претенциозни. Бидете едноставни и прецизни во изразувањето.

7. Препораки достапни на барање

„Препораките на барање“ како додаток на крајот од CV – то покажува дека сте амбициозни, но недостига конкретна информација. Доколку имате препорака, едноставно приложете ја во пријавата. Ако работодавачот сака да види препораката, ќе ја побара независно од тоа дали вие ќе напишете „препорака достапна на барање“ или не.

8. Јас, тој, таа, нејзино, негово

Кога работодавецот го чита документот, речениците во прво или трето лице звучат чудно, како некој друг да ви го напишал CV – то наместо вас. На пример, наведете „водење на тим од четири луѓе“ наместо „јас водев тим од четири луѓе“.

9. На време

Повторно, точноста на кандидатот се подразбира. Подобро да го исполните вашето CV со интересни содржини за вашите достигнувања. Дали имате направено нешто поради што компанијата успеала да оствари одредена заштеда? Наведете го тоа.

10. Експерт

Воопшто не користете го овој збор, освен ако навистина не сте експерт за одредена област со искуство од многу години. Во спротивно, подгответе се за напорни прашања со кои работодавецот ќе настојува да ја провери вашата експертиза.

11. Не знам, не можам

Негацијата воопшто не би требало да биде вклучена во вашето CV. Овој документ покажува за што се’ вие сте способни, а не за што се’ не сте.

 

 

1368 comments

Leave a comment