„Потребно е да го даваме целото наше внимание на најнезначајните и најлесно совладливите факти и да останеме долго време во размислување за нив сѐ додека не се навикнеме да ја гледаме вистината јасно и концизно.“

Во доцните 1620ти, речиси една декада пред да ја создаде кованицата „Мислам, значи постојам“ (lat. Cogito ergo sum) – слоганот што подоцна ќе го означи како татко – основач на модерната западна филозофија – големиот француски филозоф, научник и математичар Рене Декарт (31.03.1596 – 11.02.1650) се заложи за делинеација на критичкото размислување. Неговата листа, насловена „Правила за насочување на умот“, а делумно во времето помеѓу „Повелба за бесплатна потрага“ на Буда и Комплетот за детектирање бесмислици на Карл Саган, опстојува како вонвременски механизам за внатрешното работење на разумот.

Од 36 правила кои Декарт планирал да ги напише, испишал само 21, од кои првите 12 ги нагласуваат принципите на научната метода. (Подоцнежните 9 се специфични за математиката и со тоа повеќе езотерични.) Оваа листа не била никогаш објавена додека тој бил жив – првиотхоландски превод се појавил 34 години после неговата смрт, а првиот латински 70 години подоцна – но тој е подоцна вклучен во неговите „Филозофски записи“, каде Декарт посветува меѓу еден параграф и неколку страни на секое.

Неговите 12 пршлени од ‘рбетот на критичкото мислење се следните:

1.    Целта на нашето учење мора да биде насочувањето на умот за тој да може да формира солидни и вистински расудувања на било кој проблем кој се појавува.

2.    Мора да се окупираме себе си само со објекти за кои нашите интелектуални моќи се компетентни да ги познаваат сигурно и без сомнение.

3.    Што се однесува до секој предмет кој целиме да го истражиме, мора да се заинтересираме не за она што другите го мислат, или што ние самите претпоставуваме, туку што може јасно и очигледно да перцепираме со интуицијата или да го заклучиме со сигурност. Нема друг начин за акумулирање знаење.

4.    Постои потреба за метод со кој ќе се дознава вистината.

5.    Методот се состои целосно во редот и распоредот на објектите/целите кон кои нашата ментална визија мора да биде насочена ако би наоѓале било која вистина. Ние ќе се усогласиме точно со неа ако ги намалиме вклучените нејасни предлози чекор по чекор и дојдеме до оние што се поедноставни, и потоа да почнеме со интуитивното разбирање на оние што се апсолутно едноставни, со обиди да се воздигнеме до знаењето на сите други со прецизно слични чекори.

6.    Со цел да се рзграничи што е доста едноставно од што е комплексно и да се уредат овие две суштини методично, потребно е во случајот на секоја серија од која сме извеле одредени факти еден од друг, да забележиме кој факт е едноставен, и да го одбележиме интервалот, поголем, помал, или еднаков, што ги одделува сите други од ова.

7.    Ако сакаме науката да биде комплетна, тие содржини што го промовираат крајот и кои ги гледаме мора еднаш да бидат проучени од движење на мислата кое е континуирано и никаде не е прекинато; тие исто така мора да бидат вклучени во набројување кое е и адекватно и методично.

8.    Ако во содржината која се истражува дојдеме до чекор во серијата од кој нашето разбирање не доволно за да следи интуитивно спознавање, мора кратко да застанеме. Мора да не правиме обиди да истражуваме што следи; така ќе ја заштедиме нашата излишна работна сила.

9.    Потребно е да го даваме целото наше внимание на најнезначајните и најлесно совладливите факти, и да останеме долго време во размислување за нив сѐ додека не се навикнеме да ја гледаме вистината јасно и концизно. 

10.  Со цел да може да здобие со пресметливост, умот треба да се вежба да тежнее кон оние истражувања од кои решението е веќе пронајдено од други, и тоа би требало да пропатува на систематски начин дури и кај најбезначајните човечки пронајдоци, иако кај нив потребно е да е приоритетно со каков ред е објаснето или имплицирано.

11.  Ако, откако сме препознале интуитивно број на едноставни вистини, сакаме да извлечиме некаков заклучок од нив, корисно е во процесот да се работи на континуирана и непрекината мисла, за да се одразат врските кои ги имаат една со друга, и да се приграби  одреден број на овие пропозиции колку што е можно во исто време. Ова е начин на правење на знаењето посигурно и така повеќе се зголемува моќта на умот. 

12.  Конечно потребно е да ги ангажираме сите помагала за разбирање, имагинација, смисла и меморија, првин за целта да се има различна интуиција на едноставни пропозиции, делумно секако со цел да се споредат пропозициите.

1786 comments

Leave a comment