Често се прашуваме како да најдеме среќа, или што е среќата во одредени моменти од нашите животи. Верувале или не, можеби веќе сте ја нашле, а не сте свени за тоа. Често луѓето сметаат дека среќата е нешто што ќе го добијат по некој настан во животот: унапредување на работа, нова работа, подобро здравје итн.

Сепак, лесно може да најдете среќа уште сега, ако го гледате исполнувањето како патека, а не како дестинација. Можеби нема да бидете обземени од радост секој ден во годината, но овие 10 знаци укажуваат на тоа дека живеете добар живот дури и да не сте свесни за тоа:

 ИМАТЕ РАБОТА ШТО ЈА САКАТЕ

Работата сочинува голем дел од животот, и од времето во текот на еден ден. Можеби не ја работите работата од соништата, но може да смислите неколку нешта што ги уживате во работата. Размислете добро, можеби вашата моментална работа и не е така лоша како што изгледа.

ЈА ГЛЕДАТЕ ВРЕДНОСТА ВО МАЛИТЕ НЕШТА ВО ЖИВОТОТ

Повеќето луѓе трчаат низ животот без да застанат повремено и да ја уживаат убавината околу нив. Ако одвојувате време за природата, или успевате да се насмеете за нешто неколку пати во денот, тогаш несомнено живеете добар живот.

ЖИВЕЕТЕ ВО МИР СО СВЕТОТ ОКОЛУ ВАС

Многу луѓе сакаат мир, но не сфаќаат дека единственото место каде што може да го најдат е во нив самите. Ако имате мир во себе во повеќе денови од недела, можеби сте ја откриле големата тајна на нашето живеење. Не можете да живеете среќен живот без внатрешен мир. Тој е клучен за да се чувствуваме исполнети.

СЕ ФОКУСИРАТЕ НА ОНА ШТО МОЖЕ ДА ГО ПРОМЕНИТЕ

Несреќните луѓе секогаш се фокусираат на она што не можат да го променат, а среќните на она што можат. Несреќните ги набројуваат причините зошто нешто е невозможно, а среќните зошто е возможно. Ако сте од првите, веројатно сте и многу посреќни отколку што мислите.

НЕ ВИ Е ГРИЖА ШТО ДРУГИТЕ МИСЛАТ ЗА ВАС

Ако ви е удобно да живеете без разлика на нормите на општеството, или без разлика што другите имаат да кажат за вас, вие сте едни од ретките луѓе. Многу други не си дозволуваат да бидат среќни бидејќи прекумерно се грижат што мислат другите за нив. Ако сте надминале да барате одобрување  или да живеете според стандардите на другите. Вие сте едни од среќните луѓе.

ИМАТЕ ХОБИЈА ШТО ГИ УЖИВАТЕ

Дури и да имате само неколку часа неделно да си посветите на себе, ако практикувате активности што ви носат задоволства, придонесувате за вашата среќа. Можеби имате градина, пишувате поеми, плетите, или вежбате. Тоа се нешта важни за вашата целокупна среќа.

ЛЕСНО ЗАСПИВАТЕ НАВЕЧЕР

Ако лесно можете да заспиете навечер веројатно сте ја совладале техниката да го исклучите мозокот и да му дозволите на телото да се одмори. Исто така лесното преминување од будност во сон води до исполнет и живот со цел. Ова придонесува да се чувствувате задоволни.

НЕ ЖАЛИТЕ ЗА НЕШТО

Ако живеете живот без да жалите за нешто веројатно  често ги користите шансите. Луѓето обично жалат за шансите што ги пропуштиле. Среќните луѓе ги прифаќаат предизвиците без да се плашат за последиците.

НЕ СЕ ПЛАШИТЕ ОД НЕУСПЕХ

Ова е поврзано со претходната точка, затоа што да се живее без жалење значи да се нема страв од неуспех. Животот во комфортната зона значи дека повеќе се фокусирате на искуството отколку на резултатот од искуството. Ако прифатите дека некогаш сте доживеале пораз  и дека е тоа нормално, полесно ќе почнете да се справувате со предизвици во иднина.

ЧЕСТО ВЕЛИТЕ „ДА“ 

Ако се фокусирате повеќе на потврдни одговори, не секогаш значи дека не знаете да кажете не, туку дека целокупниот став кон вашиот живот ви е позитивен и афирмативен. Сепак, дозволете си да кажете ‘не’ ако искуството покажало дека некој и нешто не заслужува шанса.

 

 

1543 comments

Leave a comment