Методот на учење е подеднакво важен како и времето, континуитетот, начинот на кој знаењето е предадено. Но, за тоа како најефективно да го акумилираме знаењето, не учиме на училиште.

Една студија што ја анализирала токму оваа тематика покажала дека иако често се мисли дека секој има свој стил на учење, постојат повеќе методи кои варираат во ефективноста кај различни луѓе. Ако одреден метод не функционирал кај некого, не значи дека нема да биде функционален за нас. Добро е да се пробаат повеќе методи пред да се одлучиме кој е најдобар.

 Детално испрашување

Овој метод вклучува креирање објаснувања зошто изнесените факти се вистински. Тој вклучува фокус на „зошто“ прашањата, наместо да бараме одговори со „што“. За да го примените овој метод, по читање на неколку параграфа текст поставете си прашање „зошто x=y?“ и користете ги одговорите да формирате белешки. Ова е метод што лесно може да го примените иако бара да се има предзнаење за да напишете издржани одговори. Тој би можел да е најприменлив кај напредни ученици затоа што им дозволува да го применат и нивното претходно знаење. Студијата покажала дека методот е и временски ефикасен.

Себе-објаснување

Оваа техника е корисна за апстрактно учење. Оваа техника вклучува објаснувања како некој го решил проблемот, наведувајќи причини и избори што се направиле. Методот, според студијата, се покажал ефикасен за различни возрасти, од деца во градинка до постари студенти при учење алгебра и геометрија. Со овој метод се покажало дека се троши повеќе време, но со него се објаснуваат аспекти на кои знаењето се просецира за време на учењето.

Сумирање

Сумирањето како метод се покажал добар за подготовка на пишани  тестови и испити, но помалку ефективен за тестови во кои се бара студентите да генерираат информации како такви што содржат прашања со повеќе можни одговори. Според студијата, сумирањето нуди помалку бенефит од другите методи, но е покорисно од оние што најчесто се користат: подвлекување, повторно читање и нагласување. Но, од друга страна, може да е ефективно за ученици што веќе ја имаат развиено оваа способност.

Нагласување и подвлекување 

За најомилената техника на учениците и студентите истражувањата покажале дека многу малку ефективна кога е применувана самостојно, во контролирани услови. Нагласувањето е неефективно од истите причини поради кои е популарно – не бара вежбање, не бара дополнително време и не го вклучува многу процесот на мислење покрај напорот да се прочита текстот. Студијата сепак, ја истражувала техниката самостојно, а не и ефективноста ако е комбинирана со други техники.

 

 

Leave a comment