Погледнете ја сликата подолу. Што гледате? Мрежа од квадрати? Добро. Сега погледнете на белиот дел каде што се сечат линиите.

Иако оваа слика позната како Херманова мрежа, е само црно-бела мрежа од квадрати, изгледа како да има нешто повеќе: сиви дискови, грутки темнина во пресеците на белите линии. Ова е класичен пример на оптичка илузија кога умот е измамен да гледа нешто што не е таму. Ги гледате темните дамки на белите празни места, но кога се зјапа на вистинското место каде што треба да е дамката, таа исчезнува, односно таа не ни била таму. 

Ова е само еден пример за тоа како окото го мами мозокот. Илузиите не мамат поради различни причини. Соседните објекти може да влијаат на тоа како да гледате на работите. Личната перцепција може да влијае на перцепцијата на објектот. Некогаш се работи за аномалии во нормалната анатомија на окото. Мозокот е исто така виновен. Понекогаш може да биде премногу брз да направите претпоставки за тоа како светот треба да биде, а не каков е, што предизвикува да гледате нешта што ги нема. Уште античко време, Аристотел забележал дека умот може да биде така измамен. И природата знае да не измами. Иако не знаеме што точно се случува во мозокот, од 19 век научниците откриваат сѐ повеќе за оптичките илузии.

 

582 comments

Leave a comment