Зборувате ли понекогаш сами со себе? Загрижени ли сте поради тоа? Научниците тврдат дека тоа не е знак на лудост туку на здрав разум. Еве како тоа го објаснуваат:

Ако се разбудите без мотив за работа и на глас сте си кажале: „Ајде стани за на работа!“ Тоа не е необично, особено ако се соочувате со ситуација што ви претставува потешкотија. Секако осигурајте се дека не ве слуша никој.

Реалноста е дека многу луѓе имаат внатрешен глас кој ги води, поттикнува, ги критикува и фали. Со јасните наредби кои си ги давате на себе мозокот станува пофокусиран, а ова е особено важно и во развојот на децата. Психолозите велат дека тие инстиктивно си зборуваат сами со себе и тоа им е начин на учење. Но, затоа што сфаќаат дека ова не е пријатно во друштво, замолчуваат. 

Зборувањето на глас не само што помага за ги разјасните мислите, туку претставува и начин за емотивно и психолошко опуштање.

Leave a comment