„Wall Steet“ минатата година објави листа на десетте највисоки платени работни места во иднината, а сега е подготвена и листата која ќи ви ги претстави професиите за кои уште не сте слушнале, а кои многу брзо ќе станат најбарани во светот. 

Експертите велат дека би било погрешно да се претпоставува дека професиите што денес повеќето ги сметаме за профитабилни, како банкари, адвокати и брокери, дека би можеле да бидат профитабилни и за дваесет години. Голема е веројатноста дека нашите работни позиции и начинот на кој ги извршуваме ќе биде сосема различен од она што е денес, а некои професии за кои сега не знаеме, како на пример: вертикален земјоделец или изработувач на делови на тела, може да станат вообичаени на ист начин на кој во последните неколку години станаа советниците за социјалните мрежи.


На пример, доколку животниот век станува подолг тоа ќе бара негуватели за стари лица, а тоа би можело да стане легитимна професија која ќе ја носи титулата „советник за помош на стари лица"

Исто така експертите велат, и дека со развојот на технологијата луѓето треба да бидат повеќе фокусирани на развивање на нивните "човечки вештини" за да преживееат во пазарот на работна сила. 

„Како што компјутерите стануваат се повеќе интелигентни, така ќе има се повеќе и повеќе работни места, кои ќе бараат човечки вештини како што се лидерство, мотивација и сочувство"-вели Иан Персон, автор на книгата "You Tomorrow".

Неговата колешка, футурологист и бизнис психолог, Карен Moлонеу, се согласува: „Светот ќе се подели во две групи на луѓе: оние кои ја разбираат технологијата и оние кои не ја разбираат. Оние кои знаат да програмираат ќе го создаваат светот во кој живееме, па јас предлагам младите луѓе да се едуцираат во таа насока. Ако не сте во состојба за тоа, најдете нешто што компјутерите не можат да го работат, нешто хипер-човечко, како што е: шоу-бизнисот, спортот, грижата за другите или во индустријата за обезбедување на лични услуги"

Покрај тоа, се бележи дека во иднина почесто ќе ги менуваме работните места отколку што е тоа денес, бидејќи темпото на живот, вклучувајќи го и личниот развој, ќе се забрза уште повеќе. Оние од нас кои ќе останат долго време во истата компанија, брзо и почесто ќе менуваат проекти и ќе го усовршуваат своето знаење, што значи дека ќе биде исклучително важно да се развие способноста за брзо прилагодување, а она што нема да се промени е фактот дека тие ќе се едуцираат на повисоки позиции и ќе имаат повеќе опции за избор. Сепак, образованието треба да е повеќе насочено кон начинот на кој учиме, а не на она што го учиме.

Ова е листата на професии:

Дигитални архитекти и дизајнери за виртуелна градежна структура за рекламни и компании кои продаваат недвижен имот, за да бидат во можност да ги презентираат своите производи.

Помагачи во домаќинствата- во овој случај се луѓе кои се грижат за стари лица во нивните домови.

Советници за нега на стари лица, кои ќе специјализираат во областа за лична нега за стари лица.

Производител на делови од телото, кој ќе изработува функционални делови од телото за спортисти и војници.

Нано медицински експерти, кои ќе создаваат мали импланти, со чија помош ќе се следи здравјето на луѓето.

Вертикален земјоделец, ќе се грижи за културите кои ќе се садат вертикално, со цел да се „заштеди" простор.

Лице кое ќе отстранува податоци што веќе не ни се потребни.

Контролор за временската клима, кој ќе управува со метеоролошките модели на времето.

Аватар менаџер, кој ќе дизајнира и управува со виртуелни холографски слики на луѓе.

Хирург за зголемување на меморијата, кој ќе помага во зачувување и подобрување на меморијата кај старите лица. 

Брокер за време, кој ќе управува со вишокот на вашето време за услугите или стоките.

Менаџерот за лично брендирање, ќе развива и управува со вашиот личен бренд.

Детски дизајнер, кој ќе ги обучува младите да ги задоволат барањата на родителите.

Тренер за можности, кој ќе ги насочува вашите убедување дека се е можно и дека можете да остварите се што замислувате.

Личен фармацевт, кој ќе не советува за голем број на алтернативни терапии.

„Хаптички“ програмер, кој ќе работи на развој на технологијата за допир за разни производи. 

 

 

Leave a comment